5 брзи рецепти со јагоди

Кој обожава јагоди? А кој не може да одолее на вкусните и брзи рецепти со јагоди? Ви припремивме супер водич за 5 брзи рецепти со јагоди. Генерално направени со бисквити, слатка павлака и јагоди, и тоа за 10-тина до 15-тина минути. Разгледајте го нашиот избор на проверени рецепти.

Брз кремаст десерт со јагоди и бисквити во чаша

Брз и едноставен десерт со јагоди, идеален за топлите денови! Нема печење, а се приготвува за само 5 до 10 минути. Може да го направите штом ви се најавиле гости, а немате време за приготвување на мезе. За да го направите потребни ви се бисквити, слатка и кисела павлака, јагоди и неколку други состојки кои веројатно ги имате дома. Рецептот прочитајте го тука.

5 брзи рецепти со јагоди

Чизкејк со бело чоколадо и јагоди

Не можете ни да претпоставите колку е едноставно да се подготви овој чизкејк со бело чоколадо и јагоди! Обожаваме такви рецепти, вкусни и лесни за правење! Слично како и претходниот рецепт за да го направите потребни ви се бисквити, слатка павлака, бело чоколадо, јагоди и крем сирење. Подетално за состојките и подготовката прочитајте тука.

Леден десерт со јагоди, слатка павлака и бисквити

Во сезоната на јагоди, нашата драга Кате ни приготви супер изненадување. Станува збор за брз и едноставен леден десерт со јагоди, слатка павлака и бисквити. Потребни ви се само 10-тина минути за подготовка на овој симпатичен сладок десерт кој се прави само со 4 состојки.

Семифредо од јагоди – ладен десерт

Освежително, вкусно и ароматично за целото семејство. Нашата пријателка Лана има одлични рецепти кои вреди да се пробаат, како што е и рецептот за семифредо! За да го направите потребни ви се јајца, шеќер, слатка павлака, јагоди и ванилин шеќер. Подготовката погледнете ја на линкот.

Целувки со јагоди и крем

Во овие пролетни денови можете да се освежите со убавата комбинација на целувки со јагоди и крем од слатката павлака. Ако немате време за подготовка на целувките, купете ги и наполнете ги со освежителниот крем. Рецептот прочитајте го на линкот.

Обожавате рецепти со јагоди? Прочитајте 6 испробани рецепти за овошни десерти со јагоди.

Сподели: