Летото е време кога може да уживаме во ладните десерти како што е ова семифредо од јагоди! Освежително, вкусно и ароматично за целото семејство. Нашата пријателка Лана има одлични рецепти кои вреди да се пробаат!
Може да ве интересира: Леден десерт со јагоди, слатка павлака и бисквити.

Состојки:
- 6 јајца
- 200 гр шеќер
- 400 мл слатка павлака
- 400 гр јагоди
- 2 кесички ванилин шеќер.
Подготовка:
- Јаготките измијте ги, исцедете ги и испасирајте ги во пире.
- Белките изматете ги пенесто, а при тоа постепено додавајте го шеќерот.
- Откако добро ќе ги изматите во цврст снег, една по една додавајте ги и жолчките. Кога добро ќе се соединат, престанете да ги матите.
- Слатката павлака изматете ја веднаш потоа, но во одделен сад.
- Соединете ги сите состојки во еден од садовите.
- Потребен ви е долгунест калап кој треба да го обложите со најлонска фолија.
- Турете ја смесата во калапот, покријте ја и оставете ја во замрзнувач барем неколку часа за да се здрви.
- Пред служење, калапот кратко ставете го во топла вода, а потоа превртете го врз рамна чинија. Декорирајте со свежи овошки и послужете веднаш. На здравје!
Забелешка: Во овој рецепт се користат свежи јајца, а слободно може да ги готвите и на пареа, а останатите состојки да ги додадете кога кремот ќе се излади. Семифредо е десерт кој може да го замрзните во помали калапи и да го замените овошјето. Нуди многу можности, па уживајте!
Ви препорачуваме да прочитате: Домашен сладолед од јагоди.