Не можете ни да претпоставите колку е едноставно да се подготви овој чизкејк со бело чоколадо и јагоди! Обожаваме такви рецепти, вкусни и лесни за правење!
Ако пак обожавате јагоди, ви предлагаме да прочитате повеќе рецепти за десерти со јагоди на следниот линк.

Состојки:
- 240 гр крем сирење
- 200 гр бело чоколадо
- 1 шолја млеко
- 120 мл слатка павлака
- 2 шолји свежи јагоди – сечкани.
За основа:
- 100 гр мелени бисквити
- 30 гр путер.
Подготовка:
- Прво припремете ја основата. Растопете го путерот на тивка температура и со него прелијте ги мелените бисквити. Убаво измешајте ја смесата.
- Во поголем сад за матење ставете го прво крем сирењето и со помош на миксер изматете го.
- Постепено додавајте од млекото и матете додека смесата стане мазна.
- Слатката павлака изматете ја во одделен сад, белото чоколадо изрендајте го, а потоа спојте ги сите состојки во еден сад. Измешајте со лажица.
- Основата ставете ја во сад за сервирање, па додајте од претходно припремениот крем.
- На крај, додајте ги јагодите и оставете да стои во фрижидер. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Освежително смуди од јагоди.