5 состојби кога е подобро да изберете банани отколку лекови

5 состојби кога е подобро да изберете банани отколку лекови

Големата количина на природни растворливи влакна кои ги содржат, како и трите видови на шеќер во нивниот состав, ги прават слатките и вкусни банани фантастична ужинка која брзо ја враќа вашата енергија. Покрај хранителната вредност, истражувањата покажуваат дека ова овошје е многу делотворно при разни здравствени состојби и е многу поефикасно од голем број лекови. Еве за кои состојби станува збор:

Стомачни гасови и запек

Бананите содржат пектин, кој го забрзува варењето на храната и поттикнува исфрлување на токсините и тешките метали надвор од организмот. Освен тоа, бананите делуваат како пробиотик со што ја стимулираат работата на цревата, а растителните влакна во нивниот состав имаат ефект на природен лаксатив во случај на запек. Сите овие својства овозможуваат намалување на надуеноста и проблемот со гасови во стомакот, како и правилен дигестивен метаболизам.

Стрес

Стресот има константно големо влијание вр здравјето на човекот и е познат како болест на модерното време. Еден од проблемите до кои доведува стресот е дијареа и тоа првенствено поради пад на нивото на калиум во организмот. Калиумот е минерал кој бананите го имаат во прилично високи, односно доволни количини за да се воспостави баланс во организмот. Така, со консумирање на банани организмот ги регулира своите функции, па со стабилизирањето на нивото на калиум во организмот доаѓа до нормализација на работата на срцето, при што се испраќа доволна количина на кислород до мозокот и се регулира количина на вода во организмот на оптимално ниво.

5 состојби кога е подобро да изберете банани отколку лекови

Крвен притисок

Познато е дека висок внес на натриумови соли и низок внес на калиум во организмот имаат негативно влијание на крвниот притисок. Токму заради тоа, калиумот во бананите уште еднаш доаѓа на помош. За да го намалите ризикот од крвен притисок или да му помогнете на организмот да го нормализира во препорачани граници и да го одржува срцето здраво, препорачливо е секое утро да консумирате по една банана.

Депресија

Бананите содржат триптофан, кој е протеин кој го стимулира излачувањето на хормонот серотонин, кој е познат како „хормон на среќата“. Доволна е само една банана на ден и нивото на серотонин ќе се подигне доволно за да се чувствувате подобро, смирени и среќни.

ПМС

Бананите се богат извор на витамин Б6, кој има позитивен ефект врз нивото на гликоза во крвта, а истражувањата покажуваат дека токму витамините од Б групата се повеќе од добро дојдени кога станува збор за ПМС, односно дека помагаат за намалување на болките во стомакот и градите, влијаат позитивно на расположението и исто така помагаат за намалување на задржувањето на вода во организмот.

Сподели: