nedostatok na kalium1

6 знаци кои укажуваат дека имате недостаток на калиум

Доколку имате недостаток на калиум, многу важни функции на организмот ќе се успорат и ќе се наруши нивната работа. На кратко кажано, ќе биде погодено целокупното здравје.

Калиумот е еден од клучните минерали неопходни за нормално функционирање на телото. Познато е дека калиумот го ублажува ефектот на натриумот и тоа е само една од причините зошто да не дозволите на вашето тело да му фали овој значаен минерал. Тој е најважен за правилното функционирање на срцето и сите мускули во телото. Речиси 98 % од калиумот се наоѓа во клетките, што јасно укажува на фактот дека и најмалата промена на неговото ниво може брзо да предизвика негативни последици на мускулите, нервите и срцето. Во продолжение дознајте кои симптоми укажуваат на тоа дека се намалени резервите на калиум.

nedostatok na kalium 2

Запек (констипација)

Ниското ниво на калиум остава последици на функцијата на целото тело, покрај тоа и на дигестивниот систем. Недостатокот на калиум може да предизвика грчеви во стомакот и констипација.

Чувство на надуеност

Кога на телото му недостига калиум, организмот не може да го регулира нивото на натриум, што доведува до чувство на надуеност.

Срцебиење и „прескокнување“ на срцето

Недостатокот на калиум може да предизвика проблеми со срцето, како што се неправилен срцев ритам и прескокнување. Може да влијае и на координацијата на ударите на срцето, кои ги контролираат електричните импулси. Доколку сакате да го заштитите срцето од инфаркт и други заболувања, потрудете се секојдневно да внесувате доволно количество на калиум.

Висок притисок

Научниците сметаат дека калиумот ги ублажува ефектите предизвикани од натриумот за кој се знае дека е еден од предизвикувачите на висок крвен притисок.Тоа е уште една причина зошто да не дозволите на вашето тело да му недостига овој важен минерал.

Чувство на замор

Општиот замор може да биде уште еден од симптомите на недостаток на калиум. Може да почувствувате непријатна исцрпеност и поспаност иако воопшто не сте биле активни. За да може телото правилно да функционира, на клетките им е потребен калиум, бидејќи во спротивно тие нема да имаат доволно ниво на енергија.

Чувство на пецкање и трнење

Калиумот е екстремно важен минерал за човековото тело, бидејќи го подобрува здравјето на нервниот систем. Доколку неговото ниво е намалено, не е ни чудно ако се појави чувство на пецкање и трнење на некои делови на телото.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 намирници кои содржат повеќе калиум од бананите.

Сподели: