КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата корона вирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Како епицентар на заразата се смета градот Вухан. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек* на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично). Првичните искуства покажуваат дека постарите лица и хронично болните се изложени на поголем ризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација на вирусот е најмногу 14 дена, во кој заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесат вирусот на други лица.
Затоа новонастанатата состојба со епидемијата со корона вирус наметнува нови правила во секојдневниот живот. Еве дел од препораките на кинеските власти кои им ги препорачуваат на своите граѓани, а кои секако може да ни бидат од голема корист и нас во деновите кои следат.

Овошјето и зеленчукот темелно мијте ги во раствор од вода, оцет и сода бикарбона
Купечкото овошје и зеленчук кои се јадат свежи, најдобро е пред консумација да се стават во раствор со вода, киселина (оцет) и сода бикарбона и темелно да се измијат. Додека се останато треба да биде добро термички обработено, особено месото и јајцата кои се препорачува да се консумираат тврдо варени.
Хигиена и чистење на домот
За чистење на плочки и ламинат може да употребите раствор на база на хлор. Работните површини каде се подготвува храна најдобро е да се пребришуваат со алкохол или алкохолни марамчиња. Исто така, се препорачува да имате посебна даска за месо и овошје и зеленчук и истите треба редовно добро да се мијат.
Може да ве интересира: Како ефикасно да ја исчистите кујнската даска за сечкање без хемикалии?
Лична хигиена и дезинфекција на раце
Рацете редовно мијте ги со сапун и вода најмалку 20 секунди. При тоа темелно чистете ги од двете страни и меѓу прстите. По потреба користете и дезинфекциони гелови на база на алкохол, а доколку немате еве како може да направете сами гел за дезинфекција и суво „миење“ на рацете. Исто така, покрај рацете, по секое враќање дома дезинфицирајте ги со алкохол и сите лични предмети кои сте ги носеле со вас како телефон, клучеви и паричник.
Дезинфекција на алиштата
Палтата со кои излегувате надвор чувајте ги на тераса или во некоја надворешна просторија. Од време на време прскајте ги со алкохол за да се дезинфицираат. Останатите алишта перете ги почесто од вообичаено на програма со продолжено перење.
Доколку носите заштитна маска, научете како правилно се ракува со истата
Маската секогаш се става со чисти и добро дезинфицирани раце така што се држи за ластиците, никако за предниот дел. Исто така, и при нејзино отстранување рацете треба да бидат добро измиени, а се отстранува така што се фаќа за ластците во делот зад уши и се избегнува секој контакт со предниот дел кој стоел на устата и носот. Вака отстранетата маска се фрла во затворена корпа за отпадоци, а после оваа постапка потребно е рацете уште еднаш темелно да се измијат и дезинфицираат со алкохолно средство.
Совет плус: И за крај не заборавајте да ги следите препораките и да избегнувате секакво излегување надвор без потреба. Искористете го креативно слободното време дома со најблиската фамилија и останете позитивни и смирени.
А во скоро ќе ги објавиме најновите истражувања за храната и суплементите кои се препорачуваат за зајакнување на имунитетот, превенција и олеснување на симптомите при корона вирус – КОВИД-19. Седете дома и читајте sezahrana.mk.
Ви препорачуваме да прочитате: Лук – природен и ефикасен борец против вируси.