Добар појадок, значи добар старт на денот. Добра ужинка, значи добар продолжеток на денот! Момент на уживање и „подлога“ за успешен ден. Последниот период инспирирани од истражувањето на светските кујни, дојдовме на идеја да го пренесеме искуството на Италијанците, кои најчесто јадат сладок појадок, а исто така обожаваат да каснат слатка ужинка. Ви припремивме повеќе идеи за инспирација, па се надеваме ќе уживате во вкусната галерија.
А пред да преминеме на нив, не можевме, а да не ве потсетиме на највкусниот појадок од детството, кои и денес буди спомени. Бисквити со млеко! Ако ви отворивме апетит, набавете си Petit Beurre од Винчини и уживајте во мирисот и слаткиот вкус.
Еве што слатко ви предлагаме:
Кога немате време да подготвувате ништо, многу брзате и не ви остануваат ни 5 минути, посегнете по Винчини брауни. Испробано вкусни!

Ако сакате денот да го започнете со нешто свежо или да ја одржите енергијата за попладнето, каснете парче „банана кејк“, превкусната торта од банана која ја прават во Винчини. А како надополнување, направете си овошно смути за разведрување и расположение!

Баланс од задоволства – омилениот интегрален кекс и чаша млеко. Совршен пар во секое време. Гаранција за добар почеток на денот или за враќање на балансот и продуктивно работење после кафе паузата!

Денес нѐ појадувате сами? Имате време за кафе пауза? – Тоа е тоа! Најдобро е во друштво и со American cookies на Винчини! Од нивниот состав посебно ги обожаваме чоколадните капки. Кафето станува идеален момент на уживање.

Ако не сте обожаватели на кафе, за вас имаме нов предлог. Направете си чај и комбинирајте го со проверено вкусните чајни колачи на Винчини. Навистина е вкус во кој се ужива!

Покажете оптимизам подготвувајќи си нешто посебно за ужинка и тоа многу лесно, намачкајте Алми крем од Винчини. Исто така, може да биде и избор за појадок. Појадокот ја носи радоста на новиот ден.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 идеи за здрав летен појадок.
*Комерцијален текст.