Консумирањето на напитоци со антиоксиданси, му помага на вашиот организам да ја зачува својата виталност и младолик изглед. Антиоксидансите го чуваат вашето тело од слободните радикали, а со тоа се постигнува што помало изразување на надворешните знаци на стареење. Доколку сакате што подолго да се чувствувате витални и постојано како да сте во „најдобрите години“, што почесто уживајте во правилен избор на освежување.
Листатата на напитоци со антиоксиданси е следната:
Црвено вино
Грозјето е природен извор на антиоксиданси, а црвеното вино е еден од најдобрите пијалаци со антиоксиданси. Истражувањата покажале дека секојдневна консумација на црвено вино во умерени количини (една чаша на ден) го намалува ризикот од рак, а одлично е и за здравјето на срцето.

Зелен чај
Зелениот чај има повеќе страна корист. Помага во спречување на болести на срцето, висок холестерол и одредени видови на рак. Пијте 2 до 3 шолји дневно и уживајте во зголемената енергија под влијание на полифенолите во неговиот состав, а помага и за полесно топење на непотребни килограми.
Овошни сокови
Свежите природни овошни сокови содржат корисни антиоксиданси. Било кој и да ви е омилен, помагаат во спречување на срцеви заболувања, рак и малаксаност.
Кафе
Кафето е еден од најдобрите напитоци кои содржарт антиоксиданси. Пијте го без додаток на шеќер, шлаг или млеко, а секако и без претерување во еден ден, 2 филџани дневно се доволна доза. Кафето го намалува ризикот од заболување на срцето, црниот дроб и одредени видови на канцер.
Чаеви
Слично на зелениот чај, другите чаеви исто така содржат антиоксиданси. Камилица, нане, брусница и слично, само изберете вкус по желба. Секако, избегнувајте да додавате шеќер или ставајте минимална количина на мед.