Кога станува збор за вкусниот путер сите знаеме дека е една од многу применуваните намирници во секојдневниот живот, а посебно во кујната. Овој пат ќе ве запознаеме со поинаква насока за неговата корист, освен за готвење путерот има неколку други својства кои е добро да ги знаете за да може да ги искористите во потребен момент.
Точно е дека путерот е намирница која е богата со заситени масти и нејзиното често консумирање може да доведе до угоеност, па препорачуваме уморена консумација бидејќи сепак најважно од сѐ е да се размислува за здравјето. Но, добро е да знаете дека освен во исхраната путерот може да се користи и на други начини. На пример, ако прстенот ви заглави на прстот тријте со малку путер и полека ќе го отстраните. Доколку во текот на зимата или поради ветер усните ви испукале, намачкајте ги со малку путер, измасирајте и отстранете го. Усните ќе ви бидат сјајни, меки и нахранети.
Путерот може да ви помогне во нешта на кои не сте ни помислиле, за сјај на металните предмети дома, за отстранување на траги од колани, ташни, јакни итн.

Отстранете лепак
Доколку ви остане лепило на рацете додека работите со лепило, често водата и сапунот не можат да ги отстранат остатоците. Ставете путер на двете раце и измијте ги со сапун и вода. Лепакот брзо ќе се отстране.
Непријатен мирис
Често рацете, ножот и садовите мирисаат непријатно после чистење риби. Нанесете путер на местата кои се замирисале и измијте со топла вода и сапун или детерген за садови. Мирисот ќе исчезне.
Отстранете смола
Ако видите смола на вашиот автомобил, ставете путер на загрозеното подрачје и со помош на мека крпа истријте. На крај повторно измијте со сапун и вода, автомобилот ќе ви биде потполно чист.
Подмачкајте ги ножевите
Ако се спремате да ја сечете роденденската торта, а ножот не ви овозможува убави парчиња, секогаш кога сечите леплива храна како печива, торти, карамел и сл., намачкајте го ножот со малку путер и пресечените рабови секогаш ќе бидат мазни.
Заплеткан накит
Доколку не можете да го отплеткате јазолчето на златното ланце, само намачкајте со путер и нешто истријте го, ќе се размрда и ќе се отвори. Потоа, полека измијте го со сапун.
Занимација за животни
Доколку мачката ви смета или сте ја понеле некаде со себе, намачкајте и ги шепите со путер и ќе биде зафатена со нив, ќе ги лиже и ќе игра самата со себе без да смета.