Сламките за пиење може да ви се најдат во повеќе нешта, на кои сигурно не сте ни помислиле. Може да ги искористите како организатори за кабли, за фиксирање на скршените закачалки и за многу други нешта. Во видеото погледнете неколку корисни трикови со сламки, што најверојатно не сте ги знаеле.
Направете мала ќесичка за чили сос
Ако одите на излет или пак на работа сакате да понесете малку чили сос, овој трик сигурно ќе ви биде од голема корист. Земете една поголема сламка и исечете дел во зависност од големината на кесичката која ви е потребна. Со помош на клешта држете ја сламката и едниот крај залепете го со помош на запалка. Штом малку ќе се излади, во сламката турете чили сос. Потоа залепете го и другиот дел на сламката со помош на запалка.
Искористете ги сламките за хигиенско чување на бричевите
Некои бричеви се продаваат со заштитен горен дел, а некои од нив немаат. А и често се случува тој мал пластичен дел да загини. Но и за тоа има решение. Земете една сламка и измерете ја во големина со бричот. Исечете ја, а потоа повторно исечете ја на средина. Бричот поставете го во внатрешноста на сламката. Хигиенски и заштитено!
Организирајте ги каблите
Имате повеќе кабли околу компјутерот кои ве нервираат? Организирајте ги со помош на поголема сламка. Со помош на скалпел исечете ја спирално како што е прикажано на видеото. Потоа поставете ја околу каблите.
Фиксирајте ја скршената закачалка за алишта
Нема потреба да ги фрлате скршените закачалки за алишта. Доволна ви е само една сламка и малку лепило. Сламката исечете ја со димензии околу 3 до 4 см. Потоа пресечете ја на половина и поставете ја на скршениот дел на закачалката. Двата краеви залепете ги со лепило. За најдобро разбирање на техниката, следете ги инструкциите прикажани на видеото.
Со помош на сламки затворете ги отворените вреќички со храна
Сите знаеме дека по отворањето на кесичката со кафе, какао или житарици, како што поминува времето вкусот на храната се менува. Можеби имате купено пластични штипки за затворање, но тие секогаш се малку. А и нема потреба да трошите многу пари. Се што ви е потребно се две поголеми сламки. Исечете ги според големината на кесичката, а потоа повторно исечете ги средина. Следете ги инструкциите на видеото за добро да ги наместите на кесичката.
Направете непропустливо пакетче за чување на чкорчиња
Секогаш е добро при прошетки и излети да понесеме чкорчиња. Но тие се пакувани во хартиени пакетчиња кои може лесно да се изводенат. Па, слично на првиот трик може да си направите непопустливо пакетче за чување на чкорчињата. Земете сламка и исечете ја малку повеќе од големината на чкорчињата. Потребно е да имате најмалку 2 см од должината на чкорчињата. Делото на хартиеното пакетчето кој се користи за да ги запалите чкорчињата, исечете го и свиткајте го во мала ролна. Едниот крај залепете со помош на запалка, потоа поставете ги чкорчињата и ролната за палење. Потоа, залепете го и другиот дел.
Ви предлагаме да прочитате: Направете новогодишен венец од цевки.