совети слава

6 совети за главно јадење за куќна слава

Организирањето на слава за домаќините секогаш претставува посебен предизвик. Иако сите сме свесни дека гозбата не треба да биде главна работа кога се слави славата, сепак домаќините имаат голема желба да ги почестат гостите на што подобар начин. А кога сме кај тоа, секогаш се јавува дилема што да послужат како главно јадење за куќната слава.

За да ви помогнеме при дочекот на славата, ги приготвивме следните совети.

главно јадење

Испланирајте го бројот на гостите и пригответе јадење

Овој совет е едноставен, но значаен. При подготовката на главното јадење имајте го предвид бројот на гости и количината на намирниците која планирате да ја послужите. Важно е количината на јадењето да не биде многу, а и не е добро да приготвите преголема количина, која подоцна ќе ја фрлите.

Главното јадење се служи топло

Кога станува збор за главното јадење, важно е истото да биде доволно топло, затоа што никој не би сакал ладно парче месо.

За посна слава е важна креативноста во комбинирањето 

Обично, кога станува збор за посна слава, кои и домаќини да ги прашате, секогаш имаат недоумица, што вкусно да припремат за да биде обожувано и добро прифатено од гостите. Па, било да се одлучите за вкусен крап, ослич или пастрмки, кои се најчесто приготвуваните риби за време на куќните слави, макало со лук е секогаш добра идеја. Порано го правевме дома, но откако го откривме макалото oд лук на Рајска градина, секогаш го набавуваме во готова варијанта. Ем лесно, ем многу вкусно! Освен тоа, го има и во повеќе вкусови, а со риба одлично се вклопуваат класичниот вкус и макалата од лук кои се во комбинација со магдонос или со босилек. Вистински мерак на трпезата!

совети слави

За мрсна слава традиционално се служи печено месо

Традиционално, како главно јадење се служи печење, прасечко, јагнешко или комбинација, што е во зависност од навиките и бројот на гостите. Со месото најчесто се служат печени или рестовани компири, ориз во тава, кој често се комбинира со златна мешавина и/или печурки, динстуван или печен зеленчук, по желба.

Изборот на главно јадење зависи и од навиките на гостите

Почесто на славската трпеза, особено кај младите, наместо печено месо може да се забележи скара. Скарата може да ја приготвите сами или да ја порачате, па да биде готова во договореното време. Секако доколку не сте искусни во подготовка на скара, или можеби не располагате со доволно време, нарачувањето на готова скара чиј вкус ви е испробан, е секогаш добра опција.

Посно или мрсно, главното јадење послужете го со макало и салата

Без разлика дали ќе послужите риба, печено месо или скара, главното јадење би било комплетно кога е послужено со макало, сос или салата.

Погоре ви спомнавме за новото вкусно откритие. Од Рајска градина имаат неколку предлози за нас кои ќе ни бидат од голема корист за сите. Нивната палета е збогатена со класик макало од лук, макало од лук со магдонос, макало од лук со босилек, макало од лук со орев и сос од сенф и мед.

Совети плус за комбинирање:

Класик макалото и макалото од лук со магдонос совршено се вклопуваат без разлика на изборот на главното јадење. Макалото со босилек послужете го со пилешко, риба или свинско месо. Макалото – сосот со сенф и мед совршено се комбинира со похувано пилешко месо, похуван кашкавал, похуван кромид и слично, а макалото од лук со ореви можете да го послужите и како додаток со питулици. Уживање во разни варијанти, на здравје!

Најважно од сѐ, среќни и весели дочекајте ги убавите празници! А, за крај, на гостите припремете им сладок десерт. Имаме супер испробан, брз и многу лесен рецепт за сезонава. Ви препорачуваме да прочитате: Есенска пита со јаболка и цимет – брза и без миксер.

*Комерцијален текст

Сподели: