6 избор рецепти со лубеница - смути, слатко, џем, сок 1

6 избор рецепти со лубеница – смути, слатко, џем, сок

Лубениците ги имаме на пазарите, па вреди да ги искористиме и да се почестиме со нешто убаво и вкусно! Ви припремивме листа на избрани рецепти со лубеница кои знаеме дека се фантастично добри и вкусни!

Сезоната на лубениците е тука, време е и да започнеме со експериментирање во кујната и подготовка на интересни рецепти. Да уживаме пријатели!

6 избор рецепти со лубеница - смути, слатко, џем, сок 2

Летно смуди од лубеница

Ова смуди е лето во чаша! Толку е освежително во топлите летни денови, па сега е идеално време да го пробате. Освен тоа, смудито од лубеница е нискокалорично, вегетаријанско, па е одлична храна за време на диети, како и за сите кои практикуваат здрав начин на исхрана. Повелете рецептот.

Смуди со лубеница и банана

Ако сте љубители на смуди, тогаш издвојте малку време и пробајте нешто ново. Ви предлагаме несекојдневен рецепт за смуди со лубеница и банана, кое е вистинско освежување во летните денови, а може да го прочитате тука.

Освежителен сок од лубеница и лимон

Супер летно освежување! Ваков сок сигурно немате пробано. Лубеницата е природен диуретик и го помага слабеењето. Содржи помалку од 50 калории на 150 грама, а високата содржина на вода поволно делува на варењето на храната и го потпомага излачувањето на течностите и отровите од организмот. Рецептот е лесен и еве како да го направите.

Домашен џем од лубеница

Има одлична арома и брзо се подготвува. Оние кои го дегустатираа мислат дека ќе им се допадне на сите кои ќе го пробаат, а посебно на најпребирливите, а тоа се дечињата. Од предложените состојки во рецептов, за 2 и половина до 3 часа, ќе добиете џем во количина на 2 средно големи тегли. Прочитајте го тука.

Домашно слатко од лубеница

Благодарение на Весна ви предлагаме еден малку поинаков начин за дегустација, а тоа е во вид на домашно слатко од лубеница. Вреди да се проба, затоа што вака лубеницата може да се искористи потполно заедно со нејзината кора. Еве го рецептот.

Стар рецепт за слатко од кора од лубеница

Старите, традиционални рецепти се едни од најубавите. А овој пат благодарение на Клара ви претставуваме стар рецепт за слатко од кора од лубеница. За ова слатко таа вели: „Рецептот за слаткото ми е од изданието за храна „Софра“ од далечната 96 или 97 година. После толку години повторно сега пак си го направив, а ова едно од најубавите слатка за мојот вкус“. Прочитајте овде како да го направите и вие.

Ви препорачуваме да прочитате: Лубеница – откријте ги придобивките од секое парче.

Сподели: