Летно смуди од лубеница

Ова смуди е лето во чаша! Толку е освежително во топлите летни денови, па сега е идеално време да го пробате. Овој пат ви претставуваме рецепт за смуди од лубеница, замрзнати јагоди и свежо сок од лимон, кој ќе ве освежи во летните денови и ќе ви даде енергија за започнување на денот.

Лубеницата е едно од омилените вистински освежувања во летниот период. Освен што содржи повеќе од 90% вода и помалку од 10% овошен шеќер, богата е со витамини, посебно каротини (бета каротин), витамин Ц и витамините од Б групата. Од минералите содржи калиум, калциум, магнезиум, фосфор, цинк, железо и бакар.

Смудито од лубеница е нискокалорично, вегетаријанско, па е одлична храна за време на диети, како и за сите кои практикуваат здрав начин на исхрана.

смуди од лубеница

Состојки:

  • 3 чаши парчиња од лубеница, исчистени од семките
  • 100 грама замрзнати јагоди
  • 1 до 2 лажици свежо цеден сок од лимон
  • по желба мед доколку овошјето не е целосно зрело.

Подготовка:

  1. Парчињата лубеница ставете ги во блендер и миксирајте ги додека добиете хомогена смеса.
  2. Потоа додајте ги јагодите и сокот од лимон, и повторно кратко миксирајте.
  3. Готовото смуди од јагоди послужете го веднаш или чувајте го во фрижидер максимално 1 ден.

Ви препорачуваме да прочитате: Освежително смуди од праски без шеќер.

Сподели: