Познато е дека компирот се користи за приготвување на голем број јадења. Има посебно место во исхраната затоа што е здрава намирница, а покрај тоа може да се користи и за разубавување на кожата. Ако имате лузни на лицето или пак брчки, искористете некој од нашите 7 домашни третмани за нега на лице со компир.
Главна состојка на компирот е скробот кој може да помогне во обновување на оштетените клетки на кожата. Исто така, богат е со калиум, витамините Б6 и Ц кои помагаат за прочистување на кожата и делуваат како антиоксиданси.

За осветлување на лузните на лицето
Исцедете сок од 1 компир и процедете го. Земете 1 лажица од сокот од компир помешајте ја со 2 лажици сок од лимон и 2 лажици глина. Нанесете ја оваа маска на лицето, оставете да делува 10-15 минути и исплакнете со ладна вода.
За избелување на кожата
Измешајте 1 лажица испасиран компир и 1 лажица сок од лимон. Оставете да делува 10-15 минути на лицето и потоа измијте ја маската со млака вода.
За отстранување на темни дамки на кожата
На дамките нанесете испасиран компир, оставете го да стои на лицето 10 минути и исплакнете со млака вода. Со применување на оваа маска во период од еден месец, драстично ќе ги намалите црните дамки на лицето.
Маска против брчки
Измешајте 1 лажица испасиран компир и 1 лажица јогурт. Смесата добро изматете ја и оставете да отстои 30 минути. Нанесете на кожата. Компирот содржи витамин Б6 кој делува против стареење на кожата.
Против црни дамки под очите
Измешајте 1 лажица испасиран компир со 1 лажица мед. Оваа маска оставете да делува на црните дамки 10-15 минути. Отстранете ја маската со памук и измијте го лицето со ладна вода. Оваа маска, исто така ги смирува и иритираните очи.
Природен тонер
Измешајте 1 лажица сок од компир со малку рендана краставица. Потопете памук во смесата и премачкајте го лицето. По неколку минути измијте се со топла вода.
За сјајна и мазна коса
Кората од 1 компир оставете ја да се вари во вода 10 минути. Процедете ја водата и со неа измијте ја косата. Оваа вода помага во спречување на прераното белеење на косата.
Напомена: Независно од тоа која маска сакате ја да направите, компирот не треба да е варен.
Ви препорачуваме да прочитате: 4 најчести грешки при нега на лицето.