Редовната консумација на урми поволно делува на организмот. Ова слатко овошје е богато со растителни влакна, протеини, витамини, минерали и на неколку начини го подобрува здравјето.
Пред се, урмите се богати со витамини од Б групата, Б1, Б2, Б3, Б5, потоа витамин А и Ц. Исто така се добар извор на калциум, калиум, магнезиум, манган, бакар и железо. За урмите се вели дека се едно од најздравите овошја на планетата, а ние издвоивме 7 здравствени придобивки кои ќе ве мотивираат почесто да ги јадете.

Брзо даваат енергија
Урмите се богати со природен шеќер, фруктоза и гликоза. Претставуваат одлични грицки за сите на кои им е потребна енергија. Лицата кои тренираат, како атлетичарите, консумираат урми пред тренинг или пред активности кои бараат високо ниво на енергија.
Го подобруваат варењето на храната
Ако потопите неколку умри во вода и ги грицкате преку денот, тоа благопријатно ќе влијае на варењето на храната, особено доколку страдате од констипација.
Добри се за зајакнување на крвта
Доколку страдате од анемија, јадете урми. Урмите се богат извор на железо. Недостатокот на железо е попратен со замор и поспаност, па урмите се прав избор кој ќе ви даде енергија и сила.
Го намалуваат холестеролот
Урмите се богат извор на растителни влакна кои го намалуваат холестеролот. Освен тоа, богати се со калиум кој е важен за одржување на нормален крвен притисок, па затоа се вели дека урмите се храна за срцето.
Добри се за забите
Урмите содржат природен флуор, кој се смета за важен елемент во превенцијата од кариес, затоа што ја зајакнува забната глеѓ.
Добри се за коските
Покрај калиум, урмите се богати со калциум. Оваа комбинација е особено значајна, затоа што се спречува губењето на калциум преку урината. Калциумот од природните, посебно растителни извори многу подобро се апсорбира во организмот, во споредба со калциумот од таблети.
Помагаат против мамурлак
Урмите се користат како народен лек, кога некој ќе претера со алкохол. Во тој случај, тие ги ублажуваат симптомите и придонесуваат за побрзо трезнење.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 причини да изберете урми наместо чоколадо.