7 интересни факти за лукот кои можеби не сте ги знаеле

Дали знаевте дека едно чешне лук, ситно сечкано или изгмечено, дава многу повеќе вкус од десет цели чешниња кои се термички обработени? – Македонската кујна е ризница на специјалитети и вкусови кои ги предаваме од колено на колено. Низ цела таа кулинарска традиција, се провлекуваат повеќе зачини и билки, но лукот е најчесто употребуван. Им дава фантастична арома на јадењата и претставува 100% природен антибиотик и ефикасен борец против вирусни заболувања. Тоа е факт кој никој од нас не смее да го занемари, а денес споделуваме уште неколку интересни факти за лукот кои можеби не сте ги знаеле.

Може да ве интересира и: 4 препораки како да го искористите најдоброто од лукот за здравјето.

7 интересни факти за лукот кои можеби не сте ги знаеле

7 интересни факти за лукот кои можеби не сте ги знаеле:

  1. Кога се пече или готви, вкусот на лукот станува сладок и речиси лут.
  2. Кога динстувате лук, треба да бидете многу внимателни, бидејќи само секунда подолга подготовка може да го уништи целото јадење. Вкусот на загорениот лук е многу непријатен.
  3. Иако само експертите ја забележуваат разликата, на пазарот има безброј различни видови лук, а еден од најпознатите се вика зилис и е прилично поскап од другите видови.
  4. Она што може да биде многу непријатно кога станува збор за подготовка на лук е мирисот кој останува на вашите раце додека го сечкате. Совршено ефикасен трик е да ги триете рацете на површина од нерѓосувачки челик, како што е мијалникот, а мирисот ќе исчезне за кратко време.
  5. Ако сте голем љубител на лукот, може да си направите масло од лук. На вашето јадење ќе му даде одличен вкус, а потоа нема да морате да користите освежувачи или гуми за џвакање.
  6. Лукот никогаш не го чувајте во фрижидер, бидејќи студот ја убива целата негова арома. Чувајте го на темно, суво и ладно место. Штом го донесете од продавница, ставете го во сад каде што не циркулира воздух или во пластична кеса која добро се затвора.
  7. Кога купувате лук, важно е да знаете дека, колку се помали чешнињата толку е посилен интензитетот на аромата.

Ви препорачуваме да прочитате: Лук наместо аспирин за силен имунитет во зима.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: