7 корисни својства на црното чоколадо 1

7 корисни својства на црното чоколадо

Некои „строги“ режими на здрава исхрана не препорачуваат никакво чоколадо, но познато е дека, после овошјето, црното чоколадо е најздравата храна за засладување! Ако јадете по 2 коцки на ден, ќе има поволни ефекти врз организмот.

Во едно истражување кое било направено во Германија, следени биле повеќе од 20 000 луѓе. Било утврдено дека оние кои консумирале само 7.5 грама црно чоколадо дневно, искористиле здравствени придобивки  за срцето и крвните садови. Какаото е намирница која може да биде исклучително корисна за здравјето, па често се сместува во групата на намирници кои се наречени супер храна.

За да нема недоразбирања, треба да знаете дека кога зборуваме за корисни здравствени ефекти од црното чоколадо, се мисли на оние чоколади кои имаат 70% какао или повеќе. Има и такви кои содржат до 90% какао, што е одлично.

Млечните чоколади се превкусни, но не се така корисни. Тие содржат значително помалку какао (во главно помалку од 40%), имаат млеко во прав, како и рафиниран шеќер кој не е добар за организмот.

7 корисни својства на црното чоколадо 2

2 коцки црно чоколадо на ден за  здравствена корист

Штити од срцев и болести и шлог

Црното чоколадо помага за снижување на крвниот притисок, што го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Го намалува ризикот од рак на дебелото црево

Се смета дека полифенолите од црното чоколадо го намалуваат ризикот од ова заболување.

Црното чоколадо е извор на здрави масти

Мастите од црното чоколадо не го подигуваат холестеролот. Чоколадото содржи доста олеинска киселина, која ја има и во маслиновото масло, што помага во спречување на срцеви заболувања и поттикнува антиоксидантна активност.

Го подобрува метаболизмот на глукозата

Ова звучи изненадувачки, но црното чоколадо помага  во регулација на шеќерот во крвта. Тоа помага да се регулира претераниот апетит, односно дебелината, како и да се спречи дијабетес.

Го подобрува расположението

Повеќе истражувања покажале дека црното чоколадо го подобрува производството на ендорфин, т.н хормон на среќата, па делува како природен антидепресив.

Го подобрува функционирањето на мозокот

Без разлика дали пиете какао или јадете чоколадо какаото овозможува подобра функција на мозокот од просечно.

Ги намалува ПМС проблемите

Умерена количина е корисна за целото тело, па и за оваа состојба.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 причини да јадете чоколадо секој ден.

Сподели: