Совети за замрзнување на месото

7 лесно применливи совети за замрзнување на месото

Чувањето и складирањето на месото, како во прехранбената индустрија, така и во домаќинствата вклучува процеси на замрзнување и одмрзнување. И во двата случаеви мора да се следат одредени правила и да се земат во предвид сите ризици за да се избегне потенцијално расипување. За да го избегнете ризикот од контаминирање, ви откриваме неколку лесно применливи совети за правилно замрзнување на месото.

Замрзнувањето е брз и лесен начин да се зачува храната подолг временски период. Чувањето на храната во замрзната состојба спречува ширење на микроорганизимите кои можат да предизвикаат расипување и појава на разни болести. Но, важно е да напоменеме дека најдобро е замрзнатото месо да го приготвите во рок од 4 месеци. На рокот на траење влијаат видот на животното, производот, видот на пакувањето, брзината на замрзнување, но и варијабилноста на температурата. Прочитајте до крај, ќе дознаете убави информации.

Може да ве интересира: Совети за правилно ладење на месото во фрижидер.

Совети за замрзнување на месото

Еве на што друго треба да внимавате при замрзнување на месото:

  1. Пред да го ставите во замрзнувач, месото мора да се излади за да се намалат ненадејните варијации на температурата.
  2. Користете фолија или ќеси отпорни на влага. За да ги зачувате вкусот и квалитетот на месото подолг временски период, чувајте го ќеса за замрзнување, истиснете го воздухот и добро заврзете го.
  3. Етикетирајте ја секоја ќеса што ќе ја замрзнете. Запишете што содржи и датумот на замрзнување.
  4. Користете двоен слој од хартија за печење помеѓу котлетите и стековите при замрзнување, за полесно да се одвојат при одмрзнување.
  5. Свежото месо замрзнете го најбрзо што можете за да го зачувате најдобриот квалитет.
  6. Чувајте го замрзнатото месо во замрзнувач за да добиете максимално време на складирање.
  7. Не замрзнувајте конзервирано месо. Течноста во конзервата може да се прошири и да предизвика кршење на заптивката на конзервата.

Совет плус:

  • За подготовка на убави и вкусни јадења, секогаш кога сте во можност, најдобро е да користите свежо месо. Ви препорачуваме да ги посетите месарниците на Агриа и да ја збогатите вашата трпеза со квалитетно месо од домашно производство. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Посетете ги месарниците на Агриа ширум земјата (Велес, Битола и Штип), или побарајте го месото во Тинекс и Рамстор маркетите. А за сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.

Ви препорачуваме да прочитате: Како правилно да одмрзнете месо?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Текстот е овозможен од Агриа.

Сподели: