7 најчести грешки при домашна припрема на супа 1

7 најчести грешки при домашна припрема на супа

Ако посакувате домашната супа да биде вашата кулинарска гордост, а често не знаете што сте погрешиле, овој текст ќе ви биде корисен. За да постигнете најдобар вкус и густина, има неколку грешки кои се најчести, а може да ги избегнете при припрема на супа во домашни услови.

Веројатно ви се случило да не се воодушевите од вкусот на своето кулинарско дело, или едноставно да не излезе баш така како што сте очекувале, а не знаете до што е проблемот. Можно е да сте направиле некоја од најчестите грешки, а еве кои се тие.

7 најчести грешки при домашна припрема на супа 2

Сте корисен купен бујон, наместо да го направите сами

Мора да признаеме дека одзема малку повеќе време, но скоро сите знаеме дека домашните производи се често повкусни, а веројатно и поздрави. Зошто тогаш не би се потрудиле да направите домашен бујон?

Ги додавате тестенините или оризот прерано

Доколку не сакате тестенините или оризот да ви се распаднат за време на варењето, додајте ги непосредно пред крајот од варењето на супата. На оризот му се потребни околу 20 минути, а на тестенините 10-тина минути.

Супата врие наместо да струи

Доколку во рецептот пишува дека супата треба благо да струи, не дозволувајте течноста да врие. Со бавното варење, сите состојки постепено ќе ја испуштат својата арома и вкусот ќе биде подобар.

Не сте ставиле доволно бујон

Уживањето во супата подразбира топли и сочни „залаци“ со лажица. Не дозволувајте супата да се превари многу и драгоцената течност да испари. Затоа, најдобра препорака е да ставите бујон, малку повеќе од што е потребно.

Ги додавате сите состојки одеднаш

Затоа што е потребно различно време за подготовка, сите намирници не се варат исто. На пример, мешунките, леќата и тврдиот зеленчук бара подолготрајно варење, па треба да се ставаат на почетокот од варењето на супата. меките состојки се додаваат пред крајот.

Посолувате предвремено

Ако додавате сол на почетокот од готвењето, може да се случи да ја пресолите супата. Почекајте супата да е скоро готова, пробајте ја, па зачинете ја по вкус.

Не готвите со љубов

Припремата на супа бара многу љубов и труд. Доколку брзате и припремате без многу волја, тоа може да се одрази на вкусот. Бидете трпеливи, оставете супата полека да се вари и имајте на ум дека секоја голтка од неа ќе ве загрее, обнови и усреќи, вас и вашите гости.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 корисни трикови за вкусна домашна супа.

Сподели: