Ако сакаш гурмански ручек вкусен и крцкав како од ресторан, не пропуштај да го прочиташ овој текст. Во неколку чекори ќе ти помогнеме да бидеш кулинарски мајстор и да знаеш да припремаш најдобри шницли со крцкава кора, а меко месо внатре!
Шницла е парче месо, кое обично е истенчено од чукање со кујнски чекан за омекнување месо. Многу често, месото е пржено, со крцкава кора која се добива со претходна припрема во смеса или слоеви од кој еден е од лебни трошки. По желба може да биде печена, како за поздрава варијанта, а во светот обично се прави од квалитетна телешка удина, свинска удина, овча удина, пилешки или мисиркини гради. Како најпозната и основна варијанта е начинот на кој се приготвуваат Виенските шницли, кои задолжително се од телешко месо и се заштитени како такви. Но, секаде во светот постојат варијации и одредени отстапки и пред се, различни имиња за многу слична подготовка, но тоа е друга тема и е многу обемна, па во оваа прилика ќе се задржиме само на советите за подготовка на најдобри шницли во домашни услови.
Еве кои совети се од голема важност за подготовка на најдобри шницли во домашни услови:
- Пред да почнете да ги чукате шницлите, кујнскиот чекан најпрво наводенете го.
- Шницлите ќе бидат меки ако 6-10 часа пред печењето ги чувате во маринада. Маринадата направете ја од: 1 лажица масло, 1 јајце, малку сол и црн пипер, а во неа ставете ги откако претходно сте ги исчукале.
- Пред припрема оставете ги малку да се исцедат или намалете ја влажноста со помош на кујнска хартија, но не претерувајте, за да може да се залепи брашното на нив како прв слој.
- Јајцата во кои ќе ги потопите треба да се добро изматени и во тенок слој, што значи вишокот треба добро да го „исцедите“.
- Непосредно пред пржење ставете ги во лебните трошки, покријте ги целосно и потоа ставете ги во жешкото масло кое треба да ги покрива. Ако овој чекор не го направите вака правилно, влажноста од месото и јајцата ќе се пренесе на лебните трошки и кората нема да е крцкава туку мека и влажна.
- А, за да ја зачувате крцкавоста подолго време, за шницли или било која друга храна чија цел е да крцка, по пржењето извадете ги врз решетка покриена со хартија за печење, наместо во чинија обложена со кујнска хартија. Верувајте ова ќе го крене јадењето на ново ниво.
- Ако сакате воздушест и рофит изглед на кората, при пржењето лесно занишувајте ја тавата. Но. имајте предвид дека за да не се залепи и оштети кората, маслото треба да е добро загреано пред да го ставите месото внатре.
Совети плус:
- Шницлите ќе бидат највкусни ако користите свежо месо. Изберете свежо свинско или телешко месо од Агриа. Ние долги години сме задоволни корисници, па затоа и ги препорачуваме. Свежото свинско месо и телешко месо од Агриа може да го најдете во нивните месарници (Битола, Велес и Штип), а свинското месо е достапно и во Тинекс и Рамстор маркетите. За сите новости посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.
- Ако не знаете кое парче месо да го изберете за шницли, консултирајте се со вработените во Агриа. Замолете ги тие да изберат за вас и да ви исечат парчиња со соодветна големина.
Ви препорачуваме да прочитате: Виенски шницли по оригинален рецепт.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Текстот е овозможен од Агриа.