Ви се истури вино на омилените фармерки? На новите тапацирани столови има ужасна дамка од кечап, а на вашите алишта имате мрсни флеки од готвењето? – Ви откриваме неколку трикови за лесно отстранување на дамките од храна. Потребни ви се неколку средства за чистење кои сигурно ги имате дома и малку време. Алиштата и домот ќе заблескаат како нови, а дамките ќе исчезнат.
Кујната асоцира на среќно семејство каде што секогаш се припремаат вкусни оброци, а при готвењето дамките се честа појава. За чист дом и алишта без дамки секогаш имајте при рака оцет, сода бикарбона, средство за третирање на дамки за пред перење, детергент за садови и кујнска сол. Сигурно повеќе од овие средства веќе ги имате, па сѐ што останува е да ги прочитате овие совети и да започнете со чистење.

Дамки од црвено вино
Црвеното вино може да остави ужасни дамки на алиштата за разлика од белото. За да го отстраните од белата облека (кошули) или постелнини, со чиста крпа и нежно тапкање поминете врз дамката. Потоа делот со дамката ставете го во сад и врз неа нанесете сол и прелијте ја со врела вода. Вака третираните ткаенини со дамки од вино исперете ги во машината на програма со најголема температура. Притоа имајте во предвид дека оваа постапка може да ја применувате исклучително за алишта и постелнини во бела боја. За перење ви препорачуваме да користите течен детегрент Лана, кој може да се употребува за сите бои на алиштата.
Дамки од доматен сос
Вистински предизвик е да отстраните дамки настанати од доматен сос. За да исчистите ваква дамка најпрво отстранете ги сите суви остатоци од доматниот сос, па останата флека истријте ја со крпа. Потоа потопете ја ткаенината во ладна вода околу 5 минути и на крај нежно истријте ја со стара четка за заби со детергент за алишта. Вака третираната ткаенина исперете ја со топла вода и исушете ја природно на воздух. За да ги отстраните дамките од доматниот сос врз теписонот потребна ви е друга техника. Во мал сад растворете Ponte детергент за садови со вода. Со помош на влажна крпа натопена во растворот истријте ја дамката. На крај со сува крпа впијте ги остатоците од вода и исушете го теписонот.
Дамки од бобинкасто овошје
Белиот оцет е едно од најмоќните „оружја“ во борбата против дамките и остатоците од бобинкасто овошје. Најпрво ткаенината добро растегнете ја и дамката прелијте ја со зовриена вода (за бели алишта). Откако ќе се исуши потопете ја дамката во оцет. Ова е слаба киселина, па е безбедна за вадење на дамки од секаков вид на бобинкасто овошје. На крај само исплакнете ја ткаенината со чиста вода и исушете ја.
Дамки од кафе
Сигурно и вам ви се случило да си ја полиете омилената маица со кафе. За среќа, успешно може да се ослободите од дамките од кафе со помош на два популарни пијалоци. Потурете ја дамката со газирана вода, па со чиста крпа добро истријте ја сѐ додека да ја снема. На крај, маичката исперете ја со течен детегрент Lana, кој може да се користи за рачно и машинско перење.
Доколку пак, ви се истури кафе на теписонот, најпрво размачкајте ја дамката со крпа или кујнска хартија, а потоа истурете пиво и пак истријте ја. На крај исплакнете го теписонот со чиста вода и уште еднаш добро истријте го со крпа. На овој начин во целост ќе се ослободите од дамките од кафе. Доколку овие постапки се без успех, може да искористите Aris DeGrass Classic и Aris DeGrass Citro Sensitivo.
Дамки од кечап
Дамките од кечап не се ништо чудно и невообичаено. Сигурно ви се случило додека сте истиснувале кечап од шишето да си ги полиете алиштата и мебелот. За среќа може лесно да го истружите со помош на нож за путер. Потоа дамката потопете ја во ладна вода и премачкајте ја со течен детергент за перење.
Дамки од чоколадо
Најпрво отстранете го вишокот на чоколадо со помош на лажица, но не гребете, бидејќи во тој случај ќе направите уште поголем неред. Откако ќе го отстраните чоколадото од ткаенината, дамката која ќе остане исплакнете ја со ладна вода. Потоа втријте Lana течен детергент за облека или Desire течен сапун. Оставете кратко да дејствува, па потопете ја ткаенината во ладна вода околу 15 минути. На секои 5 минути со помош на раце тријте ја дамката и повторувајте ја постапката сѐ додека дамката исчезне.
Користете средства за отстранување на дамките од храна
Понекогаш, наједноставен начин е да се користат средства кои само се нанесуваат на дамките, а потоа ткаенините се перат во машина. За таа цел, ги препорачуваме произвoдите на Арис. Долги години ги користиме нивните средства и може да кажеме дека се навистина ефикасни. За отстранување на мрсните дамки од храна го користиме Aris DeGrass Citro Sensitivo, a за потврдокорните дамки Aris DeGrass Classic.
Aris DeGrass Classic е универзален и концентриран одмрснувач за сите видови масни и нечисти површини. Aris DeGrass Citro Sensitivo е мултинаменски некорозивен одмрснувач со нежен мирис на цитрон. Ефикасни се при чистење на рерни, рингли, рамни плочи, скари, фритези, респиратори, автомобилски мотори, како и за перење на теписи и вадење на масни дамки од алиштата. Lana течниот детергент дава извонреден резултат при перењето, како при машинско така и при рачно перење, ослободувајќи свежина што долго се задржува на алиштата. Повеќе производи на Арис може да најдете на нивната веб страна или Facebook фан страница.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашно средство за отстранување на дамки од теписи и килими.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.