киселини во желудникот (рефлуксна болест) 1

7 намирници кои предизвикуваат киселини во желудникот (рефлуксна болест)

Гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) е заболување предизвикано од навлегување или враќање на желудочната содржина во хранопроводот и усната празнина. Во народот, оваа состојба е позната како киселини во желудникот. Има многу луѓе кои за жал ги чувстувуваат симптомите на оваа болест. Токму затоа, во насока на зачувување на здравјето, препорачуваме да прочитате со кои намирници треба да бидеме умерени во исхраната. Секоја храна е добра во умерени количини, а овие намирници бараат претпазливост за подобро здравје. Погледнете кои се тие.

Целокупната храна која се консумира влијае на количината на киселини што ги произведува дигестивниот систем. Затоа, изборот на вистинските намирници е клучот за контрола на непријатната рефлуксна болест. Речиси и да нема човек кој не се соочил со ова непријатно чувство на печење во градите, грлото и усната празнина кое меѓу народот е познато како „киселини“.  Доколку и вие се прашувате зошто ја чувствувате оваа непријатност и како да се ослободите од истата, во продолжение погледнете кои намирници треба да ги исфрлитеод вашето дневно мени или барем да ги консумирате во ограничени количини и поретко.

киселини во желудникот (рефлуксна болест) 2

Чоколадо

Ова слатко задоволство предизвикува рефлуксна болест почесто од било која храна. А, еве и зошто:

  • состојките во чоколадото, теобромин и кофеин, често може да предизвикаат рефлукс на храната
  • чоколадото изобилува со масти
  • чоколадото содржи какао кое е познат предизвикувач на рефлукс.

Се смета дека темното чоколадо, во однос на млечното, помалку предизвикува рефлуксна болест, но разликата е минимална.

Газирани пијалаци

Газираните пијалаци се меѓу водечките причинители на киселини. А, еве и зошто се тие толку лоши за рефлуксната болест:

  • меурчињата во газираните пијалаци се шират низ желудникот и може да стимулираат рефлуксен одговор
  • речиси сите газирани производи се кисели, а киселините предизвикуваат рефлукс.

Алкохол

Речиси сите форми на алкохол, вклучувајќи ги и пивото и виното може да предизвикаат рефлуксна болест. Рефлуксниот одговор најчесто се случува поради „релаксирањето“ на хранопроводот и желудникот под дејство на алкохолот и на тој начин се ослободува патот на киселините назад кон усната празнина.

Млечни производи со висок процент на масти

Речиси сите производи кои во себе содржат висок процент на масти може да предизвикаат рефлуксен одговор.  Па така, меѓу најчестите предизвикувачи на оваа непријатна состојба може да се вбројат: сирењето, млекото, путерот, јогуртот и сладоледот. Производите со намалена млечна маст се многу подобар избор, иако и тие може да предизвикаат рефлукс. Затоа, доколку страдате од киселини најдобар совет е да ги консумирате овие производи колку што може поретко.

Кафе

Експертите по медицина тврдат дека околу 100 мл кафе на ден е доза која е безбедна и корисна за здравјето. Сепак, доколку претерате со кафето, тоа може да предизвика рефлуксна болест. Затоа, многу подобар избор е чајот од камилица или пак можеби 1-2 чаши зелен чај на ден.

Пржена храна

Пржената храна најчесто изобилува со масти. Па, помфритот, прженото пилешко месо или риба, како и се друго што е пржено во многу масти предизвикува рефлуксен одговор. Всушност, содржината на масти во пржената храна е она што предизвикува киселини, болка во градите и се друго што е поврзано со рефлуксната болест.

Месо

Како и пржената храна и млечните производи, така и месото поради големата содржина на масти предизвикува рефлуксен одговор. Говедското, јунешкото и свинското месо долго се процесираат во дигестивниот тракт, па го зголемуваат ризикот од појава на киселини. Подобра алтернатива се „посното“ месо како пилешко и мисиркино. Сепак, доколку страдате од оваа непријатна појава најдобро би било да го ограничите внесот на месо на еднаш во седмицата.

Ви препорачуваме да прочитате: Рефлуксна болест (киселини во желудникот) – причинители и симптоми.

Сподели: