На секој од нас му се случило некогаш да ја пресоли супата, да направи премасен сос, да нема мраз при рака кога е најпотребен и разни други нешта. Кога секојдневно се готви, некогаш мора нешто да се згреши. Но, добрата вест е што може да се поправи, па еве неколку проверени кулинарски трикови кои ќе ве претворат во вистински професионалци во кујната!
Ќе бидете радосни и задоволни во секоја од ситуациите кога ќе се снајдете без да имате промашен резултат. Па еве за кои кулинарски трикови станува збор.

Брзи коцки мраз
Можеби ви звучи неверојатно, но водата која зоврела, многу побрзо се замрзнува отколку водата од чешма. Овој ефект се нарекува „Мпемба ефект“, по човекот кој ја открил оваа занимливост.
Спасете ја пресолената супа
Не ја фрлајте, решението е едноставно. Земете половина или 1/4 излупен компир и ставете го во супата. Тој ќе го собери вишокот на сол, а нема да го остави својот вкус. Пред служење обавезно извадете го компирот.
Мирис на кромид или лук останат на кожата
После сечкањето на овие намирници, нормално е дека извесно време ќе го чувствувате нивниот мирис. За да се ослободите од мирисот истријте ги рацете со чиста супена лажица. Таа ќе го прими мирисот и рацете ќе ви се одмирисаат.
Рециклирајте масло кога е можно
Ако сакате да го преупотребите маслото во кое сте пржеле, има начин. Прво загрејте го на средна температура или оставете го да се излади до средна температура. Потоа, во него ставете парче свеж лупен ѓумбир и оставете го потопено во маслото 15-тина минути. Ќе знаете дека сте ја погодиле температурата, кога парчето ѓумбир ќе добие златно-кафеава нијанса. Кога ќе го отстраните од садот, треба веќе да ги има „собрано“ непосакуваните мириси и вкусови.
Вишок маснотии во јадењата
Ако супата, сосот или друго јадење ви дојде многу мрсно, исклучете ја ринглата и оставете да отстои неколку минути. Најголемиот дел од маснотиите ќе испливаат на површината. За да го постигнете овој ефект, јадењето оставете го на ладно место или во близина поставете коцки мраз. Кога маснотијата ќе се стврдне, многу лесно ќе ја извадите со лажица.
Спречете да ви истечи шампањот од чашата
И за ова има начин. Измијте ја чашата со вода пред да налеете од шампањот. Тоа ќе ја прекрие внатрешноста и ќе спречи излевање на пијалакот, а воедно ќе овозможи брзо создавање на пена.
Секогаш свеж леб
Ставете го лебот во пластична ќеса заедно со стапче целер и оставете го да престои така преку ноќта. Векната полека ќе ја впие влагата од целерот, а тоа нема да предизвика промена на вкусот.
Добијте повеќе лимонов сок
Наместо веднаш да го цедите, прво малку стискајте го со раката на работната површина, движејќи го напред назад. Или, истата постапка направете ја со притискање помеѓу двете раце. Ова ќе предизвика да пукнат ситни клетки на лимонот и ќе добиете многу повеќе сок. Како друга интересна опција е што, може да го ставите лимонот некаде 20 секунди во микробранова печка, а потоа да го пресечете по должина на парчиња и да го цедите. И на овој начин, ќе добиете поголема количина на сок од обично.
Ви препорачуваме да прочитате: 7 важни кујнски совети кои секој треба да ги знае.