Наближува традиционалното пролетно скараџиско собирање! Дружењето со пријателите кои не сме ги виделе некое време е најзабавниот дел, но тоа не би било така, ако храната не е совршена и пијалаците ладни, нели?! Па, затоа што и ние од искуство знаеме дека е важно да се има некои вештини, малку истражувавме и дознавме некои проверени насоки и мали тајни за совршена скара!
Воопшто не е сложено, ако се знае како. Во продолжение ви откриваме неколку совети како да бидете број еден скараџија и омилен во друштвото!

Секогаш гответе на чиста решетка
Не сите се свесни за важноста на овој чекор. За беспрекорен вкус, секогаш ставајте го месото на чиста и сува скара.
Направете и „предгреење“ на решетката
За да биде решетката доволно загреана за подготовка на месото, потребни се 15 до 45 минути откако огнот ќе се разгори. За да го знаете точното време кога да го ставите месото да се печи, следете го прирачникот за употреба на скарата (доколку го има) или побарајте совет од некој поискусен, секако доколку сте почетник. Во секој случај, дајте и време да се загрее, пред да го ставите месото да се печи.
„Играјте на сигурна карта“ и набавете јаглен
Треба да знаете дека и дрвото кое го употребувате за подготовка на скарата, влијае на вкусот и мирисот на месото. Ароматичните дрва може да му дадат сосем поинаков вкус, па како наједноставен и најсигурен совет кој можеме да ви го дадеме е да си набавите јаглен или помеѓу народот попознат како ќумур.
Топлина, не пламен!
Некои луѓе мислат дека за добро зготвено месо е потребен пламен, но тоа не е баш така. Пламенот скоро никогаш не треба да стигне до месото, затоа што го менува неговиот вкус, му дава непосакувана и чудна слаткост, а што е најважно остава ноти на јагленосан вкус.
Користете скараџиска клешта за засилување на огнот
Ако употребувате течност за засилување на пламен, никако не претерувајте. Наместо тоа, за да го засилите пламенот и да не ви изгасни или да ја одржите топлината во посакуваниот степен, користете скараџиска клешта со која ќе го поместувате ќумурот и на тој начин ќе го засилите огнот до посакуваната мера.
Чувајте вода во шише со прскалка во близина
Доколку ви се случи непланирано голем пламен и сакате да го стишите, прснете малку вода. Ова ќе го „угуши“ пламенот, но нема да го изгасне огнот целосно. Затоа, важно е да се знае како да се справите во ваква ситуација.
Печете го месото доволно долго време
Не дозволувајте да јадете вие или било кој околу вас, полуживо месо. Но, исто така, имајте предвид дека не треба ни да го препечете и дека од самата топлина, месото ќе продолжи да се готви и откако ќе го отстраните од решетката. Проверувајте со виљушка, по потреба засечете го, па и пробајте ако сметате дека има потреба за да сте сигурни.
Печеното месо чувајте го во затворен сад
Откако ќе го извадите од скарата, месото ставете го во затворен сад за малку „да одмори“. На тој начин сите сокови ќе останат во месото.
Совети плус:
- Со совршено испеченото месо, напијте се од омилениот ладен напиток и препуштете се на уживањето!
- Сме пробале месо од различни производители, но нам омилено ни е свежото свинско месо на Агриа. Месото е со врвен квалитет, пријатен мирис и вкус, а тоа се должи на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна. Штом еднаш ќе го пробате свежото месо од Агриа, сигурни сме дека тоа ќе биде ваш прв избор! Затоа, следен пат набавете свежо свинско месо од месарниците на Агриа или маркетите на Тинекс и Рамстор. Додајте малку зачини и уживајте во гурманскиот специјалитет.
- За подготовка на скара може да користите и скараџиски, селски, домашни или барени колбаси, кои може да ги најдете во месарниците на Агриа, а се од македонско производство и имаат супер вкус.

За сите новости и акции посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на Facebook и Instagram.
Ви препорачуваме да прочитате: 5 трикови и совети за сочно месо на скара.
Следи ја sezahrana.mk и на Instagram и Facebook.
*Рецептот е поддржан од Агриа.