8 здравствени причини да се напиете чај од магдонос 1

8 здравствени причини да се напиете чај од магдонос

Магдоносот не е само ароматичен додаток на јадењата, туку и многу лековита билка од која лесно се прави чај од магдонос.  Од суви или од свежи листови, од коренот на магдоносот, можете да направите чај. За подобар вкус додадете кришка лимон и малку мед, сигурно така ќе ви се допаѓа повеќе.

Благотворното дејство на чајот од магдонос било препознаено уште во антички Рим и Грција. Служел како диуретик, лек за подобро варење и против менструални грчеви. Се користи и за лечење на уринарни инфекции, за детоксикација, за слабеење, регулирање на нивото на холестерол и слично.

8 здравствени причини да се напиете чај од магдонос 2

Најзначајни придобивки од чајот од магдонос

  • Тој е одличен за чистење на организмот од токсини, богат е со витамин А, Ц, Е и антиоксиданси.
  • Може да делува како диуретик и спречува задршка на течности во организмот.
  • Помага во случаи на воспален мочен меур.
  • Го поттикнува слабеењето и помага за елиминирање на целулитот.
  • Помага за регулирање на нивото на холестерол и превенира од појава на висок крвен притисок.
  • Богат е со железо и се препорачува при анемија.
  • Ефикасен е во превенција и лекување од лош здив.
  • Помага при болни и нередовни менструации.

Како се подготвува чај од магдонос?

Сварете 400 мл вода и додајте 3 лажици свежи или суви листови од магдонос или ситно сечкан корен. Тргнете го од ринглата, поклопете го садот и оставете така да стои 15-тина минути, а потоа исцедете го чајот. Напитокот можете да го пиете по желба или откако ќе се излади, но немојте да го претоплувате.

Забелешка: Често пати, за трудници не се препорачува да консумираат чај од магдонос.

Ви препорачуваме да прочитате: Прочистете ги бубрезите со чај од магдонос.

Сподели: