8 причини за да имате нане секогаш при рака

Иако најчесто нането го користиме во облик на чај, тоа е билка од која може да имаме повеќекратна корист. Прочитајте го овој текст и дознајте зошто во секоја куќа треба да се одгледува нане или пак да се имаат неколку вреќички чај.

Нането има многу лековити својства и поради тие причини се користи уште многу одамна. Оваа билка се употребува во многу земји ширум светот, особено во Европските, но и на Блискиот исток и во Индија. И во сушена и во свежа форма, нането совршено одговара со кари, супи, разни салати, сокови па дури и со сладолед. Тоа благотворно делува на дигестивниот тракт и се препорачува против болки во стомакот. Нането помага и против акни, како и за многу други проблеми со кожата. Исто така, тоа ја прочистува и крвта и ги елиминира токсините од организмот, а многу е ефикасно и за избелување на забите и за освежување на здивот.

нане секогаш при рака

Благотворно делува на дигестивниот систем

Нането има огромна моќ во смирувањето на нервозниот стомак. Аромата која ја има нането ги активира и поттикнува плунковните жлезди кои пак произведуваат дигестивни ензими. За да постигнете најдобар резултат за таа цел, попарете свежи листови нане со вода и оставете ги да стојат неколку минути.

Против мачнини и главоболки

Со векови оваа билка се користела како делотворен лек против мачнини. Дури и самото мирисање на етерично масло од свежи листови на нане може моментално да ги намали мачнините. А, кога се применува површински може да ја намали главоболката.

Против респираторни проблеми

Во случај на настинка, помага за опуштање на дишните патишта како што се грлото, носот и белите дробови. Исто така, ја ублажува и кашлицата.

Ги олеснува симптомите на астма

Лицата кои боледуваат од астма, а кои редовно користат нане, може да почувствуваат големо олеснување во дишењето.

Може да се користи за нега на кожа

Сокот од свежи листови нане е едно од најдобрите природни средства кои може да се користат како маска за нега на лицето. Користете го ако имате акни, кожни инфекции или пак осип.

Може да ве интересира: Направете домашно масло од нане – лек за акни.

За орална хигиена

Нането има моќ да го спречи растот и развојот на штетните бактерии во усната празнина.

Помага во лечењето на канцер

Некои истражувања покажаа дека нането содржи природни ензими кои помагаат во борбата против канцерогените клетки.

Ги олеснува болките во мускулите

За болни мускули може да си подготвите мешавина од една чаша морска сол, 1/3 чаша маслиново масло и 6 капки етерично масло од нане.  Со оваа мешавина масирајте ги болните мускули, оставете ја да делува 30-тина минути, а потоа измијте го болното место.

Ви препорачуваме да прочитате: Нане – природен еликсир за стомачни проблеми.

 

Сподели: