намирници кои го чистат организмот од отрови

9 намирници кои го чистат организмот од отрови и штетни материи

Кога станува збор за намирници кои го чистат организмот од отрови и штетни материи, ние би рекле дека листата е голема. Имено за таа намена може да се користат лесно достапни зеленчуци и овојша, а еве некои од нив!

За да ги елиминирате токсините и да ги спречите истите да предизвикаат сериозни последици по вашето здравје, не е потребно да подлегнувате на исцрпувачки детокс третмани. Доволно е само да јадете намирници кои ќе го исчистат целиот ваш организам како што се одредени видови овошје, зеленчук, јаткасти плодови и масла.

намирници кои го чистат организмот

Јаболка

Ова здраво овошје е многу богато со пектин. Тоа се растителни влакна кои го врзуваат холестеролот и тешките метали во организмот. На тој начин помагаат за елиминирање на сите отрови и ги чистат цревата.

Авокадо

Авокадото го намалува холестеролот и ги проширува крвните садови. Тоа исто така содржи и нутриент кој е познат под името глутатион, а кој блокира најмалку 30 различни канцерогени честички и му помага на црниот дроб да се избори со штетните токсини.

Цвекло

Оваа коренеста билка содржи природни компоненти кои го прочистуваат црниот дроб и крвта. Затоа никогаш немојте да го одбивате цвеклото поради неговиот специфичен вкус. Па, направете си лековита салата од цвекло која ги чисти црниот дроб и дебелото црево.

Боровинки

Тие се едни од најмоќните намирници во светот, бидејќи содржат природен аспарин кој го намалува оштетувањето на ткивата за време на хронични воспаленија, а при тоа ги намалува и болките. Боровинките исто така дејствуваат како природен антибиотик, бидејќи ги блокираат бактериите во уринарниот тракт и на тој начин спречуваат појава на инфекција. Покрај тоа тие поседуваат и антивирусни својства.

Зелка

Зелката содржи многу антиканцерогени и антиоксидантни својства кои му помагаат на црниот дроб да ги раствори вишокот на хормони. Таа помага и во чистењето на дигестивниот систем, а неутрализира и некои од штетните материи кои се наоѓаат во цигарите.

Може да ве интересира: Црвена зелка – зеленчук со највисока содржина на антиоксиданси.

Брусница

Брусницата го прочистува организмот од штетните бактерии и вируси, особено оние кои се таложат во уринарниот тракт. Тоа се должи на антивирусните и антибактериските својства кои таа ги содржи.

Семки и масло од лен

Тие се многу богати со есенцијални масни киселини, особено со омега 3 масните киселини и поради тоа тие мошне поволно влијаат на целиот организам. Тие ги неутрализираат штетните материи кои се таложат во целото тело.

Лук

Консумирањето на лук на прво место ги неутрализира штетните бактерии, цревните паразити и вирусите во организмот, особено во цревата и крвта. Тој помага да се исчистат наталожените отрови од цревата, а поради антиканцерогените и антиоксидантните својства е сојузник во борбата на телото против штетните материи.

Лимон

Лимонот е одлично средство за детоксикација на црниот дроб, бидејќи содржи големи количини на витамин Ц. Овој витамин е неопходен во организмот бидејќи го поврзува нутриентот глуатин кој му помага на црниот дроб да се ослободи од штетните материи.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен коктел за топење на масни наслаги и детоксикација.

Сподели: