Како и при многу режими на исхрана и многу други нешта во животот, секако, важно е да се држите до правилата. Што се однесува до овој домашен коктел за топење на масни наслаги и детоксикација, важно е да го направите спрема упатството и да го пиете редовно. Ќе ви го поттикне метаболизмот!
Ако мислите дека е вистински момент да направите детоксикација и да се ослободите барем од мал процент на масните наслаги во телото, овој напиток е тоа што ви е потребно. Состојките во неговиот состав го забрзуваат метаболизмот и го чистат телото од токсини и вишокот на маснотии кои се наталожиле со времето. Резултатот се забележува по дисциплинирано применување на коктелот од 30 дена.

Состојки:
- 1 чаша сок од домат
- 1/4 чаша сок од лимон
- 1 лажичка рендан ѓумбир
- едно луто пиперче или 1/2 лажичка црн пипер
- 2 гранчиња од стеблото на целерот (со средна големина).
Подготовка и употреба:
- Измешајте ги во сад, сокот од домат, лимоновиот сок, ѓумбирот, лимонот и меленото пиперче или црн пипер.
- Ќе добиете 220 мл коктел. Послужете го во стаклени чаши и во напитокот додајте ги гранчињата целер. Целерот се јаде со истовремено пиење на напитокот. Од овој напиток пијте 3 пати дневно, помеѓу оброците, а ако припремите поголема количина чувајте го во фрижидер.
Ви препорачуваме да прочитате: Напиток за побрз метаболизам и детоксикација.