Непосакуваната и непријатна остипација најчесто е предизвикана од неправилна исхрана, односно недоволен внес на растителни влакна, недоволен внес на течности, недоволна физичка активност, одложување на потребата за празнење на цревата, но може да биде предизвикан и од некои медицински состојби.
Храната која превенира појава и помага против остипација е следната:
Црни сливи
Еден од најчестите домашни лекови против запек се сувите сливи. Тие се богати со растителни влакна, витамин А и калиум.
Круши
Крушите се сметаат за природни лаксативи и го олеснуваат движењето на храната низ цревата.
Брокула
Повеќето од нас знаат дека брокулата има бескрајна листа на здравствени придобивки, а тоа дека е извор на растителни влакна е една од нив.
Интегрални житарици
Консумацијата на интегрален леб, овесна каша и интегрални зрна е лесен начин да го обезбедите вашето тело со растителни влакна.

Ленено семе
Еден од најдобрите природни лекови против запек е лененото семе, затоа што ленот е богат со растителни влакна и омега-3 масни киселини.
Моркови
Свежите моркови богати се со растителни влакна и го подобруваат движењето на храната низ цревата. Запомнете дека овој ефект го имаат свежите моркови, за разлика од варените моркови кои доведуваат до запек.
Грав
Познато е дека гравот често предизвиква појава на гасови, но консумацијата на грав ќе ви помогне да избегнете појава на запек и што е важно супер е за одржување на здрав дигестивен систем.
Ананас
Веројатно сте слушнале многу нешта за ананасот во врска со подобрувањето на процесот на варење на храната и тоа е точно. Сокот од ананас е одличен начин да се регулира варењето на храната и да се избегне појавата на запек.
Смокви
Смоквите се уште еден голем извор на растителни влакна, кои го помагаат процесот на дигестија на храната.