маска за лице

Маска за лице од куркума против брчки, акни и темни кругови

Куркумата може да ви помогне за да имате убава и сјајна кожа, без акни, брчки и темни кругови. Затоа направите си природна маска за лице, каде како главната состојка се користи куркума.

Куркумата е растение од фамилијата на ѓумбир, кое расте на подрачјето на јужна Азија, каде што се често се користи во исхраната на населението. Таа содржи активни состојки кои имаат повеќе од 150 терапевтски дејства во организмот, меѓу кои: таа е аналгетик, антисептик, го зајакнува имунитетот, ги елиминира токсините, го регулира метаболизмот, ја контролира телесната тежина, ја подобрува меморијата, ги намалува триглицеридите, го урамнотежува крвниот притисок.

Куркумата е позната по своите антибактериски својства, па од тука доаѓа и нејзината примена како антисептик. Овој зачин во комбинација со други состојки е одлично решение против брчки, темни кругови околу очите, акни и митесери. Таа е корисна кај лица кои имаат мрсна кожа, благодарение на нејзините својства кои помагаат во регулирањето на производството на себум. Куркумата во оваа маска за лице не само што го изедначува тенот на кожата, таа исто така ја храни и подмладува.

Состојки:

  • 2 лажички куркума
  • 1 лажичка брашно од ориз или леблебии
  • 2 лажички кисело млеко или млеко (за мрсна кожа)
  • Маслиново, кокосово или бадемово масло (за сува кожа)
  • ½ лажичка мед

Подготовка:

  1. Во мал сад ставете ги куркумата, брашното, киселото млеко и медот. Измешајте ги состојките за да добиете смеса која наликува на крем.
  2. Маската нанесете ја на чисто лице со помош на четка. Не пропуштајте да ставите и под очите, бидејќи куркумата ги намалува темните кругови, а исто така може да ја нанесете вратот и деколтето.
  3. Оставете ја маската на вашето лице да делува околу 20 минути, а потоа измијте со ладна вода. Исушете го лицето со нежно тапкање со крпа.

За да ги забележите ефектите од природната маска од куркума, истата практикувајте ја во текот на еден месец. Се препорачува оваа маска за лице да ја нанесете еднаш неделно, а доколку имате многу акни и црнки, може да ја користите 3 пати во текот на неделата. Бидете упорни и постигнете го посакуваниот ефект!

Ви препорачуваме да прочитате: Домашна маска за затегнување на кожата на вратот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: