За Велигденските празници, родендени, крштевки и други свечености, трпезата декорирајте ја со салфетки во форма на зајаче.
Салфетките во форма на зајаче лесни се за правење, а сигурно сите ќе бидат изненадени од вашата креативност. Може да користите салфетки во различни бои, со што ќе добиете шарена и весела трпеза, на која најповеќе би се радувале најмалите. Земете една салфетка, погледнете го видеото, следете ги инструкциите и збогатете ја вашата трпеза со убаво декорирани салфетки.