Ако сакате да ослабите во делот на стомакот, овој домашен напиток за слабеење ќе придонесе во голема мера за топење на стомачните масти. Бидејќи народната помош често знае да биде навистина ефикасна, ви предлагаме да го пробате овој природен напиток, кој секој може да го направи дома и лесно, а значајни резултати и ефект на видливо слабеење се забележуваат при секојдневна консумација во период од неколку недели.

Грејпфрутот, кој е носител на основните својства на овој напиток, изобилува со витамн Ц и е моќен антиоксидант кој освен за слабеење ќе ви помогне и во спречување на стареењето. Одличен е за чување на здравјето на непцата и одговорен за убавата насмевка, а исто така помага за намалување на нивото на холестерол во крвта. Ниско калоричен е, има само 100 калории во една овошка и помага во хидрирањето на организмот.
Состојки:
- 2 литри вода
- 1 грејпфрут
- 1 излупена мандарина или портокал
- 1 цеден лимон
- 1/2 излупена краставица (не е задолжителна)
- неколку свежи листови нане
- коцки мраз.
Подготовка:
- Исчистете ги овошјето и зеленчукот, а потоа изгмечете ги (или изблендирајте ги), па ставете ги во садот со водата.
- Додајте го нането, а коцките мраз може да ги додадете непосредно пред употреба.
Начин на употреба:
- За најдобар ефект оставете свежо приготвениот напиток за слабеење оставете го да стои барем 2 часа пред консумација, а најдобро е ако го пиете во текот на целиот ден по малку.