Подобрете ја подвижноста и здравјето на зглобовите! Малите промени водат кон големи резултати. Болките, намалената флексибилност и грчевите нека бидат минато. Дознајте повеќе за MSM (Methylsulfonylmethane) – природна состојка која ги чува зглобовите и ги намалува болките.
Зглобовите во човековото тело секојдневно се изложени на голем стрес. Согласно статистичките податоци, болестите на коскено-зглобниот систем се во најчестите причинители за посета на доктор во нашата земја и ширум светот. Причините за оваа појава се должат на современиот нездрав начин на живот.

Кои се причините за оштетување на зглобовите?
Најчестите причинители за оштетување на зглобовите се:
- напорни спортски тренинзи
- прекумерна телесна тежина
- седечкиот начин на живот
- неправилна положба при одење, стоење или седење
- различните рекреативни спортови кои ги оптеретуваат зглобовите.
За жал, речиси никој од нас не посветува внимание за да ги зачува зглобовите здрави што подолго време и не презема мерки додека се здрави и обезбедуваат безболни движења. Притоа, ако не ги храниме и чуваме соодветно, со текот на времето или во подоцнежните години како резултат на трошењето на зглобовите, ќе се јават симптоми. Тоа се болки при движење, отоци и затегнатост на мускулите.
Со годините прифаќаме дека коските и зглобовите постепено стануваат послаби и почувствителни, но едно неодамнешно истражување кое го реализирале британските стручњаци покажало дека зглобовите стареат побрзо од останатите делови на телото. Со истражувањето биле опфатени 13000 луѓе, а било утврдено дека зглобовите се постари за 12 години од реалната возраст.
Што е MSM и за што помага?
MSM (Methylsulfonylmethane) е сулфурно соединение кое природно е присутно во многу мали количини во овошјето, зеленчукот, зрната, производи од животинско потекло и некои алги. Најчесто се среќава во свежата храна, но при готвењето на храната, количината на MSM значително се намалува.
Соединенијата на сулфур ги има во сите клетки на телото и се неопходни за живот. MSM, во неговата улога во циклусот на сулфур во телото, помага да се создадат хемиски врски неопходни за формирање и одржување на бројни различни видови на структурни ткива на човечкото тело, вклучувајќи ги и сврзните ткива, како што се артикуларната ‘рскавица и кожата. Значаен е за:
- Здравјето на зглобовите
- Обезбедува сулфур за зглобовите за сврзното ткиво
- Го поддржува здравјето на ‘рскавицата.
Поттикнува флексибилност на зглобовите, ткивата и крвните садови. Го разбива насобирањето на калциум фосфат, кој е главен предизвикувач на многу дегенеративни и кардиоваскуларни болести. Нефлексибилноста на зглобовите е тесно поврзана со акумулација на „лоши“ форми на калциум (калциум фосфат, калциум карбонат) во зглобовите. МСМ декалцифицира т.е го разбива насобирањето на „лошиот“ калциум во зглобовите, ткивата и крвните садови претваројќи го „лошиот“ калциум во калциум цитрат кој е растворлив и лесно се излачува надвор од организмот.

Покрај тоа MSM има и други бројни придобивки, но најзначајна е способноста за обновување на сврзното ткиво и можноста за намалување на болките предизвикани од воспаленија. Позитивно влијае и:
- го забрзува процесот на мускулно опоравување и ги намалува симптомите на воспаление на мускулите
- ги ублажува симптомите на алергија
- го подобрува имунитетот
- го подобрува квалитетот на кожата, ги намалува акните, ја подобрува косата поради зголемена концентрација на кератин
- ја зголемува концентрацијата на глутатион кој делува антиоксидативно и го намалува стресот
- помага при Алцхајмерова болест
- при артритис
- ја подобрува циркулацијата
- помага при главоболка и мигрена.
Во денешно време МСМ добива се поголема популарност како природна состојка која помага за намалување на болките, а не предизвикува непосакувани дејства.
Кои лица имаат потреба од суплементи за зачувување на зглобовите?
Ако имате болки во зглобовите, колената, половина, грбот и рацете, ви препорачуваме да користите MSM. Исто така, лицата кои вежбаат или секојдневно се изложени на различни физички напори препорачливо е да земаат суплементи кои ги чуваат и ги регенерираат зглобовите.
На пазарот може да се најдат различни препарати за регенерација на коскено-зглобниот систем, па затоа е потребно да се внимава при изборот на производот, како и на брендот. Наш избор се додатоците на Тримекс, кои може да се најдат низ аптеките или да се набават преку нивната онлајн продавница. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk
Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: болки во коленото – причини и третман.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран текст.