Изобилува со хранливи состојки и витамини, а ќе ви даде и енергија за да го започнете денот! Сега е сезоната кога имаме киви и калинки, па вреди да ги искористиме овие овошки и да си направиме гранола со семки од тиква и овошје.
Речиси и да нема човек кој не обожава убав мирис во домот. Но, не секогаш купечките аромаризерии на простории се корисни за нашето здравје. Побезбедна опција за освежување на просториите се миризливите свеќи и стапчиња, но често пати и тие во својот состав содржат вештачки мириси и бои. Затоа, ви претставуваме брз и едноставен начин како сами да си направите ароматична свеќа која во вашиот дом ќе ја донесе магијата на есента.
Обожаваме солени мафини, па секогаш ни е добредојден нов рецепт и убава дегустација со најблиските и семејството. Овој пат, инспирација ни беа млечните производи, па рековме да искористиме некои од нив и да приготвиме солени мафини. Така се роди идејата за рецептот за солени мафини со спанаќ, сирење и кашкавал!
Вештачките засладувачи се создадени со цел да ги задоволат потребите за шеќер. Тие не содржат калории и не ги покачуваат триглицеридите и инсулинот во крвта. Засладувачи од овој тип се: ацесулфам калиум, мононатриум глутамат, сукралоза, аспартам и натриум бензоат. Но, за жал овие супстанции кога се консумирани од страна на човекот, се метаболизираат во токсични соединенија кои предизвикуваат метаболичка дисфункција, различни заболувања, па дури и рак.
Просото е една од најстарите житарки. Тоа на почетокот се сметало за храна на сиромашните и се користело најчесто како сточна храна. Денес се знае дека просото е исклучително здраво и хранливо. Не содржи глутен, а тоа е причина плус за што почесто да се најде на нашите трпези. Но, тоа не е сѐ! Ви претставуваме 6 добри причини кои ќе ве мотивираат да ги вклучите просото во исхраната.
Маринадата прави месото да се топи во устата и да биде сочно, вкусно и меко. Поради тие причини, маринадата се употребувала уште во древен Египет, а подоцна и Грците и Римјаните почнале да маринираат месо и зеленчук. Секоја култура има свој стил на маринирање, а можностите за создавање на нови кулинарски опции се бесконечни.
По трет пат во Битола, во организација на Американското Катче Битола и Амбасадата на САД во Македонија, се одржа Саем за волонтеризам 2017 . Саемот беше отворен за сите и посетен од голем број средношколци, студенти и млади професионалци кои се запознаа со актуелните волонтерски можности во Битола, регионот и Европа. На саемот се претставија 10 невладини организации од Битола и регионот, кои на заитересираните им ги презентираа своите волонтерски можности и ги споделија нивните успешни приказни и проекти.
Претходно пишувавме за антиканцерогените својства на карфиолот, но неговата моќ не запира тука. Неговиот широк спектар на витамини и антивоспалителни својства помагаат за превенција на многу други нарушувања на здравјето. Здравиот карфиол помага против борба против дијабетес, срцеви заболувања, при проблеми со очите, хормонален дисбаланс, Паркинсонова болест, Алцхајмер, итн.
Ја обожаваме страницата на нашата пријателка Лана! Кај неа, како и кај нас, сите рецепти се испробани и излегуваат без грешка. Време е на зимници, па ве потсетуваме да си направите вкусен домашен мармалад од дуњи, за да имате преку целата зима. Нема да се каете, издвојте малку време и нека има за уживање!
Овој пријатен и топол напиток е исклучително корисен за организмот. Она што посебно би го интересирало секој од нас е способноста на здравото златно млеко за опоравување на половината, како главна придобивка, а исто така и влијае поволно дејство врз подвижноста на зглобовите и целокупното здравје. Прочитајте како може да го направите и за што се ќе му помогне на организмот!