Солена торта со пиперки и сирење 1

Солена торта со пиперки и сирење

За вака убава и плус вкусна солена торта со пиперки секогаш има мотивација, а и желба за да се издвои малку време за нејзината подготовка! Штом ја предлага Невена, испробана е и ќе ни се допадне.

Сезоната на пиперки е одлична можност за да го подготвиме овој солен специјалитет. Да уживаме со семејството  во вкусниот благодет кој го пружаат пиперките.

Солена торта со пиперки и сирење 2

Состојки:

  • 350 гр печени, лупени и сечкани црвени пиперки
  • 150 гр сечкано јако сирење
  • 100 гр сечкана шунка, печеница или свински врат
  • 3 јајца
  • 200 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 260 гр брашно
  • 10 гр прашок за печиво
  • 1/3 мало лажиче сода
  • 1/2 лажиче сол.

Подготовка:

  1. Јајцата, млекото и маслото изматете ги со жица да се изедначат. Потоа додајте ги пиперките, сирењето и шунката и измешајте. На крај додајте го брашното измешано со пецивото и содата. Додајте ја солта и измешајте со лажица да се изедначат. Смесата истурете ја во калап (30х11) намачкан со путер и посипан со брашно.
  2. Печете го во загреана рерна на 180 степени околу 40-45 мин.
  3. Готовиот колач покриен со фолија оставете го во калапот неколку минути да се лади потоа извадете го и оставете го да до излади.
  4. Послужете го со јогурт или павлака.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Солен колач со црвени пиперки и домати.

Сподели: