Интересен и поинаков вкус! Рецепт за нов солен колач во кој неизмерно ќе уживате!
Одлично предјадење, а може да го служите и како лесна закуска кога се дружите со пријателите.
Состојки:
- 150 гр брашно
- 125 мл млеко
- 1 ќесичка прашок за печиво
- 3 јајца
- 1 лажица сечкан магдонос
- 400 гр домати (може и од конзерва)
- 2 црвени пиперки
- 1 лажица црвено вино
- 1 лажичка шеќер
- 50 гр риби инчуни
- 1 главица кромид
- 200 гр рикота
- по потреба сол, масло, црн пипер.
Подготовка:
- Во подлабок сад со жица изматете ги јајцата.
- Додајте го млекото и магдоносот, посолете и наросете малку црн пипер.
- Додајте го брашното измешано со печивото и убаво изматете за да не остануваат грутки.
- Во тава на оган ставете малку масло и додајте го сечканиот кромид.
- Пржете додека кромидот омекне и додајте ги доматите од конзерва претходно исечкани на мали парчиња, пиперките (претходно испечени) и исто така исечкани на мали парчиња, виното, шеќерот и инчуните.
- Промешајте и оставете да покрчка на тивок оган 5-10 минути.
- Откако ќе прокрчка тргнете ја тавата од оган и смесата претурете ја во смесата од јајца.
- Убаво соединете ја смесата и истурете ја во калап премачкан со масло.
- Одозгора низ целиот колач нанесте ја рикотата.
- Печете на 180 степени, за време од 45 минути.
На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви препорачуваме да прочитате: Солена торта со коцки леб.