Кој може да поверува дека ова вкусно јадење е посно, не содржи глутен и е вегетаријанско? Сликата кажува се, а на нас ни останува во првата прилика да го пробаме рецептот за овој вкусен ориз со сос од печурки и тофу сирење.
Не постои таков човек кој не ужива во слатките вкусови, а многумина од нас внимаваат на телесната тежина! Така, кога сакате да се засладите без да чувствувате „грижа на совест“, побарајте го овој рецепт кој го креиравме во нашата кујна. Исклучително вкусни, полни со хранливи состојки и многу лесни за подготовка. Без двоумење ви препорачуваме да ги пробате енергетските чоколадни бомбици со кокос и овес!
Косата ви се плетка и тешко се расчешлува? Користите секакви средства кои имаат мал ефект? Време е да направите промена и да започнете да ја негувате косата со природни средства. Овој пат ви претставуваме лесен рецепт за домашен спреј за расчешлување на косата. Идеален е за мали девојчиња, но и за возрасни кои имаат осетлив скалп.
Сакате да направите овошна салата или пак да каснете портокал, цитрон, мандарина и лимон, но ви смета дебелата бела кора која останува по лупењето? Знаеме дека малку горчи и не е пријатна за јадење, но сега тоа е минато. Ви претставуваме четири лесни чекори за лупење и сечење на цитрусните овошја на парчиња, кои ќе ви бидат од голема корист и ќе ги подобрат вашите кулинарски способности.
Во последно време сигурно сте слушнале или веќе сте купиле ладно цедено, нерафинирано масло. А како и многумина најверојатно и вие не знаете која е разликата меѓу рафинираните и нерафинираните масла. Време е да ве запознаеме со оваа тематика, а најдобро за тоа може да ни кажат од Фила, македонската фабрика за производство на ладно цедени масла која беше прогласена за една од најуспешните иновативни компании во Македонија за 2016 година.