Летото е совршено за брзи и здрави рецепти! А овој период никој нема да може да одолее на интегралните брускети со печен зеленчук. Крцкави, со сос од павлака и печени тиквички, модар патлиџан и домати.
Ушните инфекции почесто се јавуваат во лето, а причините за тоа се временските услови, вклучувајќи ја влажноста на воздухот и топлината, како и посетата на базени, езера и мориња. Генерално, непријатните ушни инфекции се втората најчеста причина за посета на педијатар. На оваа тема поразговаравме до Д-р Нела Деспотовска која ни даде подетално објаснување за причините, третманот и превенцијата на ушните инфекции.
Со повремена или редовна консумација на ладно цедено масло од горка кајсија може да го израдувате телото на повеќе начини. Тоа е светло жолто масло со карактеристичен мирис и вкус. Наменето е во главно за пиење и поседува богати биолошки карактеристики, а може да се нанесува и надворешно. Подолу во текстот ви откриваме повеќе информации.
Време е за вкусен и хранлив појадок или десерт! Направете си здрав чиа пудинг со кокос и спирулина, и започнете го денот полни со енергија и виталност. Ваквиот пудинг е богат со протеини од нашата омилена супер храна – спирулината и чиа семето, со јаглени хидрати и растителни влакна од овошјето и здрави масти од чиа семето и авокадото. На кратко, вкусно волшебство во четири бои сервирано во чаша!
Често пати, при појава на гасови и надуеност поради полесни пореметувања, хранливите намирници може да бидат значајна помош и природен помошник за отстранување на проблемот. Ние го откривме корисниот тоник од ким за смирување на гасови, па во оваа прилика ќе го споделиме рецептот за да може да си го направи секој кој има потреба.
Сакате да заблескате оваа сезона и да имате хидирана и сјајна кожа на лицето и телото? Летото е идеално за дружења и одмори, а секако и по некоја фотографија за спомен од убавите моменти. Но, не сте задоволни од изгледот на кожата? Не користете програми за прикривање на недостатоците на фотографиите. Истакнете ја вашата убавина со природни состојки и следете ги нашите совети за хидрирана и сјајна кожа во лето.
Убавината е во едноставноста! – Често пати ни се случува фрижидерот да ни е полн со храна и тоа добра, вкусна и освежителна, но да не знаеме како да ја искористиме. Токму за тоа станува збор во овој рецепт. Ви предлагаме една помалку секојдневна комбинација на состојки, претворена во свежа салата со пченка и неколку зеленчуци во различни бои.
Овој зачин е познат низ целиот свет благодарение на многубројните лековити својства кои ги поседува. Па така, со право зачинот куркума се нарекува жолто чудо од природата. Претставува еден од најмоќните природни лекови, а нејзината лековитост се должи токму на активната состојка куркумин. Во продолжение дознајте за корисните ефекти на ароматичната куркума против анкзиозност и депресија.