Тоник од ким за смирување на гасови и надуеност 1

Тоник од ким за смирување на гасови и надуеност

Често пати, при појава на гасови и надуеност поради полесни пореметувања, хранливите намирници може да бидат значајна помош и природен помошник за отстранување на проблемот. Ние го откривме корисниот тоник од ким за смирување на гасови, па во оваа прилика ќе го споделиме рецептот за да може да си го направи секој кој има потреба.

Надуеноста е последица која се јавува поради гасови во органите за варење. За тоа може да постојат повеќе причини, од полесни до потешки, како што се дебелина, прејадување, голтање воздух, запек, киселини во желудникот и слично. А, ако како и огромен број луѓе имате повремена појава на гасови или чувствувате надуеност во долниот дел на стомакот, извесен степен на гадење, секогаш е добро да се обидете да го решите проблемот со моќта на домашната „аптека“.

Тоник од ким за смирување на гасови и надуеност 2

Освен широката припрема во кулинарството, кимот заслужено има место и во многу природни лекови. Кимот претставува добар извор на железо, манган, како и други витамини и минерали. Некои истражувања покажуваат дека може да го стимулира производството на панкреасните ензими и да помогне во варењето на храната.

Рецепт за тоник од ким за смирување на гасови

Состојки:

  • 1 чаша вода
  • 1 лажичка ким од Рајска градина
  • 1 лажичка ѓумбир (свеж или во прав)
  • прстофат морска сол
  • 1/2 лажичка коморач.

Подготовка и начин на употреба:

  1. Најпрво ставете ја водата во сад на оган и оставете ја да зоврие.
  2. Во меѓувреме кимот измелете го во мелница, а ѓумбирот изрендајте го ако е свеж.
  3. Во водата која врие, додајте ги сите останати состојки. Варете околу 5 минути.
  4. Оставете течноста малку да се излади и тоникот од ким е спремен за пиење. Топлиот тоник може да го пиете секогаш кога чувствувате подуеност во стомакот, а надуеноста би требало да исчезне во рок од неколку минути.

Совети плус: Понекогаш, причинителот на гасовите или надуеноста може да е посериозен како што е синдром на раздразливи црева, целијакија, слабост на панкреасот или рак на јајниците. Доколку често имате гасови, во секој случај препорачуваме да го консултирате вашиот лекар за да ве упати што е неопходно да испитате.

Наша препорака

Кога станува збор за зачини, може да се каже дека веднаш се присетуваме на богатата зачинска палета на Рајска градина, ги купуваме зачините и ви го препорачуваме нивниот ким. Повеќе за понудата на Рајска Градина може да дознаете тука на овој линк или да ја посетите нивната фан страница Rajska Gradina.

Тоник од ким за смирување на гасови и надуеност 2

Ви препорачуваме да прочитате: 5 зачини кои се храна и лек.

*Спонзориран текст.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: