Посен ролат со моркови и компири 1

Посен ролат со моркови и компири

Прекрасен и сочен ролат со моркови и компири за сите оние кои постат! А, за оние кои постат на вода, убавото кај овој ролат е тоа што може да се подготви без масло. Идеално се комбинира со риба или месо доколку сакате да го јадете како прилог.

Брза солена торта со туна 1

Брза солена торта со туна

Во потрага сте по лесна и брза солена торта која ќе ви ја краси празничната трпезата за било која домашна прослава или свеченост? Па, благодарениe на Лана, споделуваме со вас интересен и лесен рецепт за солена торта со туна.

Лесен рецепт за декоративни солени канапеи 1

Лесен рецепт за декоративни солени канапеи

Се подготвувате за некоја семејна свеченост, свадба, крштевка, роденден или именден? – Тогаш овие слатки и декоративни солени канапеи се совршен додаток за вашата свечена трпеза. Многу вкусни и интересни мали залчиња, на кои што гостите нема да може да им одолеат!

Домашен чипс од цвекло

Сите ние знаеме колку е цвеклото здрава и благородна намирница, но за жал малку е застапена на нашите трпези. Многу луѓе не го обожаваат неговиот специфичен вкус и целосно го исклучуваат од исхраната, а со тоа си ги ускратуваат сите благодети кои ни ги нуди. Но, новите зачини на Витаминка се тука да направат кулинарска магија и да ве мотивираат почесто да консумирате цвекло. Посетете го најблискиот маркет и набавете морска сол, црн пипер, ароматично оригано, а потоа препуштете се на кулинарската авантура. Направете крцкав чипс од цвекло и уживајте во есенските денови!

Гратинирани тиквички со сирење 1

Гратинирани тиквички со сирење

Овојпат на ред се тиквичките кои ги има во изобилство скоро преку цела година, па добро би било да зготвиме нешто вкусно со нив. За денес ви предлагаме да си направите гратинирани тиквички со сирење. Едноставно, а многу вкусно!

пикантен намаз од маслинки

Пикантен намаз од маслинки и сончоглед

Доколку ви се допаѓа вкусот на маслинките, а истовремено обожавате и лута храна, тогаш ова е вистинскиот избор за намаз. Богатиот вкус на маслинките и пикантна арома од црниот бибер ќе ги исполнат сите ваши сетила. Па, доколку се спремате за пости или едноставно сакате да си подготвите здрав појадок, тогаш домашниот пикантен намаз од маслинки и сончоглед е нешто што мора да го пробате.

Летни мезе брускети 1

Летни мезе брускети

Летото е прекрасен период кој изобилува со разни зеленчуци, па во последно време имаме нова омилена комбинација за летни мезе брускети! Бевме сигурни дека вреди да ја споделиме, па еве како да ги направите.

Интегрални брускети со печен зеленчук

Летото е совршено за брзи и здрави рецепти! А овој период никој нема да може да одолее на интегралните брускети со печен зеленчук. Крцкави, со сос од павлака и печени тиквички, модар патлиџан и домати.

Посна паштета од туна и таан 1

Посна паштета од туна и таан – домашен рецепт

Одлична на вкус и лесна за правење. Сигурни сме дека во деновите на пости или кога сакате домашна вкусна храна, рецептот за оваа посна паштета од туна и таан и тоа како ќе ви користи. Вреди да се проба!

Посен мезе сос од пире со зачини 1

Посен мезе сос од пире со зачини

Постите се време кога креативноста во кујната треба да го достигне својот максимум. Така настана и овој одличен и многу вкусен, а посен мезе сос. Па уште надополнет со крцкавоста на чипсот, не може да е подобро!

Капрезе сендвич

Капрезе сендвич со нане

Лето, море и Италија! Убава земја со богата историја и уште повкусна кујна. Инспирирани од една од најубавите италијански салати ви припремиве капрезе сендвич со нане. Доволни ви се само 10-тина минути за да уживате во медитеранската арома на босилек, домати и моцарела.

Зелено детокс смуди за побрз метаболизам 1

Зелено детокс смуди за побрз метаболизам

Кога ќе ја видите листата на состојки на нашето омилено зелено детокс смуди, ќе се изненадите од тоа колку внимателно ги избравме. Сите се растителни и лесни за организмот, а вкусот е неверојатно добар! Пробајте го, навистина ќе бидете воодушевени!