Печурките се едни од најздравите продукти во исхраната на човекот и се препорачува на вашето мени да се најдат барем три пати во неделата. За сите љубители на медитеранскиот вкус, а и на тестенините им предлагаме да го пробаат овој рецепт за шпагети во сос од печурки.

Состојки:
- 300 гр шпагети
- 250 гр свежи шампињони
- 1/2 мала главица кромид
- 3 чешниња лук
- 4-5 гранчиња ситно исечкан магдонос
- 5 лажици маслиново масло
- по вкус мешан сув зачин, сол и црн пипер
- 200 мл растителна павлака за готвење
Подготовка:
- Во тенџере на оган со зовриена и солена вода ставете ги шпагетите да се варат. Варете ги за време од 10 до 15 минути, во зависност од времето кое е наведено на пакувањето.
- Печурките изрендајте ги на ливчиња. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги и ставете ги во тава со масло, малку да се запржат. Додајте ги печурките, магдоносот и зачините по вкус. Оставете ги да се динстаат додека течноста им испари.
- Варените шпагети исцедете ги и додадете ги во тавата со печурки. Измешајте ги, а потоа додадете ја павлаката. Приготвените шпагети во сос од печурки послужете ги додека се топли.
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска