Од секојдневните функции кои се извршуваат секојдневно во организмот, во крвта како транспортна материја до сите клетки, се насобираат штетни материи и токсини. Одржувајте ја чиста вашата крв со помош на храната и бидете здрави!

Триглицеридите се масти кои се неопходни за одржување на човечкиот живот и се најчесто застапени липиди во нашето тело. Кога јадеме, вишокот калории кои организмот не ги користи веднаш, ги претвора во триглицериди кои се складираат во масните клетки и се користат при дефицит на храна. Иако се потребни за организмот, прекумерната количина на триглицерди во крвта има лошо влијание врз здравјето. Со покачените триглицериди се зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, срцев и мозочен удар. А со примена на некои совети и правилна исхрана, може да го намалите нивото на покачените триглицериди во крвта.
Како што се приближува летото, сите сакаме да постигне топ форма и идеален изглед на нашето тело. Многумина од нас остануваат неактивни премногу долго во текот на зимата и во тој период може да добијат неколку килограми повеќе. Но, намалувањето на телесната тежина станува вистински предизвик, затоа што доколку сте на некоја ригорозна диета, може да бидете гладни, нервозни и напнати.
Ревматоидниот артритис е хронична прогресивна воспалителна болест која ги зафаќа најчесто носечките зглобови (рацете и нозете). Предизвикува болка, здрвување, отекување и ограничување на движењето и функцијата на зглобовите. Типично болеста се појавува меѓу триесеттата и шеесетта година од животот, а жените почесто заболуваат од мажите.
Ѓумбирот често се користи во индиската и кинеската медицина, а како резултат на неговите превентивни и лековити својства и нутритивниот состав, се повеќе се наоѓа на нашите трпези. Познато е дека ѓумбирот превенира појава на настинки и грип, ја одржува нормалната циркулација на крвта, го подобрува варењето на храната, го зајакнува имунитетот, превенира појава на канцер на дебелото црево и го намалува воспалението и болката.
Во ладните месеци кога исхраната е калорична и мрсна, а свежата храна ја има помалку, на организмот му е неопходна детоксикација. Не постои идеално време за ослободување на организмот од штетните радикали и токсини, па затоа треба редовно да се применуваат навики кои ќе ви помогнат во вашата џел. Прочитајте како може да направите детоксикација на организмот во 5 чекори!
Метеоризам или уште познат како надуеност е многу чест проблем кој создава непријатност која посебно е нелагодна на јавни места. Постојат повеќе причини за појава на гасови во системот за варење, а подолу во текстот ќе дознаете како може да си помогнете да ја спречите оваа појава барем во одредена мера.
Со доаѓањето на топлите денови, појавата на мравки во домот е проблем со кој се соочуваат многумина. Кујната им е посебно омилен простор, но знаат да се појават и во останатите соби. За да ги отстраните може да ви се потребни разни средства кои може да се скапи, а во секој случај потребно е време да се ослободите од нив, бидејќи често знаат да бидат досадни.