Како да изберете најдобри костени

Како да изберете најдобри костени

Изборот на квалитетни костени и не е така лесна работа, а посебно ако не купувате често. Се случува голем број од нив да се шупливи, расипани или на било кој друг начин оштетени, па затоа проследете ги следните неколку совети и во иднина правете вкусни и квалитетни избори на костени.

Како да изберете најдобри костени

Питомиот костен Castanea Sativa е една од првите намирници кои човекот започнал да ги јаде, а за тоа постојат и археолошки докази. Костените најмногу растат во Јужна Европа и Средоземјето, а историјата потврдува дека ширењето во Европа настанало преку Грција.

Во Кина и Јапонија, дрвото костен било познато многу поодамна од периодот кога римските галии го донеле во Европа, а во улиците на Рим се продавале печени костени ушгте од 16-ттиот век, како што се продаваат и денес во зима сред многу европски градови. Најстариот костен во светот е познат под името „сто коња“, а се наоѓа на сицилиската планина Етна и се верува дека е старо помеѓу 2000 до 4000 години. Во минатото, како и денес, костените ги јаделе печени и варени, а од мелените костени се правел напиток кој служел како надоместок за кафе. Од костеновиот мед се припремала медена ракија.

Кога купувате костени внимавајте обавезно плодовите да се поголеми и сјајни, да немаат дупчиња и да бидат доволно тешки за својата големина. Ако костените кои ги гледате или држите не одговараат на описот постои можност да бидат и целосно бескорисни.

Искусните кажуваат дека најдобри се костените кои имаат темна боја, тоа значи дека биле доволно долго на сонце и дека ќе бидат поблаги од оние кои се светли. Избегнувајте сплоснати костени кои делуваат како да се исушиле и држете се до оние кои се меснати и немаат звук кога ги тресите.

Купените костени чувајте ги на ладно место до 2 недели. Доколку на некои од костените се појават дупчиња, одберете ги и отстранете ги, бидејќи ќе се оштететат и останататите.

Сподели: