Доколку ви преостанало мелено кафе кое веќе ја изгубило аромата и вкусот, немојте да го фрлите. Истото може да го искористите за нега на кожата. Ви претставуваме 2 идеи со кои може да направите пилинг и да го намалите целулитот.
Иако нискиот крвен притисок можеби не ве загрижува и ви изгледа безопасно, сепак доколку тој е изразено низок може да предизвика одредени здравствени проблеми. За среќа, постојат многу природни начини за покачување на низок крвен притисок, вклучувајќи и некои промени во животните навики. Па, разгледајте ја нашата листа со корисни насоки!
Многумина не можат да си го замислат почетокот на денот без шолја црно кафе. Тој магичен пијалак кој утрото го прави совршено, ви помага да се расоните во целост и да добиете додатна доза на енергија, може да направи и нешто друго за вас! Кафето има и многу други намени. Постојат различни начини како може да се искористи, а меѓу нив е и ефикасното лекување и освежување на проблематичната кожа. Овој ефект се должи на присуството на антиоксидансите кои кафето ги има во изобилство. Па, за таа цел решивме да го искористиме и направивме маска од кафе и млеко за освежување и подмладување на кожата на лицето.
На многу од нас денот не може да ни започне без филџан црно кафе. Тој магичен црн напиток ни помага побрзо да се разбудиме наутро и ни дава дополнителна доза на енергија во денот. Меѓутоа, кафето освен за пиење може да се користи и во служба на убавината. За тоа се заслужни антиоксидансите со кои овој напиток изобилува. А, уште и ако го искомбинирате со млеко ќе добиете прексрасна утринска маска за лице која ја освежува и подмладува кожата.
Усните се многу чувствителна област, па им е потребна постојана нега за да изгледаат убаво и негувано. Во поладните денови тоа е особено важно и грижата мора да се интензивира, затоа што тие пукаат и од студот стануваат суви и непривлечни. Бидејќи, исто како што му е потребно на нашето тело, така и на усните и лицето им годи нежна ексфолијација, ви предлагаме да го пробате нашиот домашен пилинг за усни кој е многу корисен за овој период од годината.
Често пати се случува да приготвиме повеќе храна отколку што било потребно, па истата останала. Не се препорачува приготвената храна да стои во ладилник повеќе од 48 часа, па за да не ја фрлите, замрзнете ја. На тој начин ќе заштедите време за подготовка на различни рецепти, но и пари. Затоа, следете ги овие практични совети за замрзнување на приготвена храна.