Летото е прекрасен период кој изобилува со разни зеленчуци, па во последно време имаме нова омилена комбинација за летни мезе брускети! Бевме сигурни дека вреди да ја споделиме, па еве како да ги направите.
Едноставните и брзи рецепти се одлика на Сѐ за храна, а и прв избор. Обожаваме да се дружиме, а посебно со домашно приготвена храна, па секогаш сме во потрага по нови кулинарски предизвици. Така се роди и идејата за овие брзи мезе залчиња со пилешка салата кои имаат супер изглед, а најважно од сѐ е што се подготвуват многу лесно и може да ги приготви секој. Ни беше чест што им се допаднаа и на уредниците на новото македонско списание Добра храна и бевме вбројани во групата на гастро мајстори објавени во првиот број!
Кога објавуваме некој рецепт од интернационалната кујна, прво истражуваме како се прави оригинално во поднебјето од каде доаѓа, па го пробуваме и потоа го споделуваме со вас. Па, ако сакате да си намачкате за вас или за вашите сакани вкусен домашен и совршен гвакамоле намаз, еве испробан и многу вкусен рецепт!
Денес од кујната на Лана ни доаѓа еден супер предлог за малку необичен и нетипичен појадок за нашето поднебје. Станува збор за „наан“- индиски лепчиња. Ние во многу наврати имаме кажано дека обожаваме вакви рецепти кои ни го доловуваат вкусот на некои егзотични земји. Па, подгответе ги овие вкусни лепчиња и уживајте во традиционален индиски појадок во удобноста на вашиот дом.
Време е за нов гурмански предизвик! Ако обожавате похуван карфиол, а немате идеја за ручек, вие сте на правото место. Овој пат, пробајте го нашиот рецепт за крцкав печен карфиол во сос од кечап, кој сигурно ќе ви се допадне. Вака подготвениот карфиол може да го послужите и како мезе со некој интересен сос или како гарнир за месо. Ова јадење е доволно хранливо да се послужи и како самостоен оброк во комбинација со свежа салата!
Топлите денови се совршени за ова мезе! Ние ја испробавме оваа таратур салата со друштвото и ви гарантираме дека од сите доби чиста 10-ка! Одлично се вклопи како предјадење, а ако некогаш имате желба за полесна вечера, свежа и полна со зеленчук и хранливи материи, топло препорачуваме да ја испробате во оброк варијанта.
Супер рецепт за сите оние кои обожаваат да грицкаат нешто додека гледаат телевизија или пак во комбинација со пиво. Убавото кај овој рецепт е тоа што овие посни солени бисквити многу лесно и брзо се прават, а уште побрзо се јадат. Одлични се за мезење со добро друштво, а нас нѐ фасцинира тоа што може да се комбинираат со разни намази и да се прават во повеќе вкусови.
Преубаво мезе, посебно за љубителите на сирење. Декоративно многу, а и превкусно! Овој интересен рецепт го најдовме на страницата на нашата пријателка Весна. Откако прочитавме за нејзиното воодушевување за вкусот на вака припременото сирење со ореви и зачини, а и дознавме дека ова е еден од најбараните рецепти за свечените и празнични трпези каде што живее таа, не се двоумевме да го споделиме со вас.
Направете крцкави сусам стапчиња со мелено ленено семе, повикајте го друштво, одберете го омилениот филмски наслов и препуштете се на уживањето! По желба вкусните и крцкави сусам стапчиња може да ги направите за бројните родендени во семејството, викендите, излетите и разните дружби! Одлични се за во разни прилики и се вклопуваат на сечија трпеза.