Мезе уштипци од леб 1

Мезе уштипци од леб

Ви останал стар леб и не сакате да го фрлите, а не знаете што да правите со него? Погледнете го овој рецепт за мезе уштипци од леб кој ни доаѓа од кујната на Лана, со кој практично од ништо ќе си направите вкусно мезе за целото семејство.

Брзо, лесно и вкусно, всушност како и сите останати рецепти на Лана. Доколку сте пробале некогаш да направите некое нејзино јадење, тогаш знаете за што ви зборуваме. Повеќе готвењето не мора да трае со часови, да биде комплицирано и со многу состојки. Понекогаш и со намирници кои сите ги имаме дома и никогаш не би ни текнало дека може да ги искористиме, може да направиме вкусен оброк кој ќе ги задоволи барањата на сите во семејството. Пробајте и сами уверете се.

Мезе уштипци од леб 2

Состојки:

  • средина од стар леб
  • млеко или вода за натопување на лебот
  • 2 јајца
  • масло за пржење

Подготовка:

  1. Најпрво оддвојте ја средината од кората на лебот, ситно надробете ја и потопете ја во млеко или вода.
  2. Јајцата добро изматете ги .
  3. Потоа, добро исцедете ја средината од млекото и промешајте ја со изматените јајца.
  4. Со помош на две лажици обликувајте ги уштипците.
  5. На загреано масло во тава на оган испржете ги вака обликуваните уштипци од леб, додека заруменат од двете страни.
  6. Откако ќе се испржат извадете ги врз кујнска хартија за да се исцедат од вишокот на масло.
  7. Послужете ги додека се топли со кисело млеко и парче сирење. Доколку пак сте повеќе по благото, може да ги поросите со ванилин шеќер и да добиете блага варијанта.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашна супа со кнедли од стар леб.

Сподели: