домашна супа со кнедли

Домашна супа со кнедли од стар леб

Ако случајно ви останал леб од претходниот ден и сакате да го искористите, верувајте го читате вистинскиот рецепт. Храната е нешто што треба да се цени, а нашата домашна супа со кнедли по предлог на Невена е испробана и корисна од повеќе гледни точки, па не треба да пропуштите да ја пробате.

домашна супа со кнедли

Состојки:

За кнедлите:

  • 100 гр стар леб
  • 1 јајце
  • 75 мл млеко
  • 60 гр ситно сечкана чадена сланина
  • 1/2 мала главица ситно сечкан кромид
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 1/2 лажица сув или свеж квасец
  • сол, црн пипер и рендано морско оревче по вкус
  • 1 лажица (15 гр) путер
  • 1 лажица (20 гр) брашно.

За супата:

  • 1,2 л вода
  • 1 рендан морков
  • 1 телешка коцка за супа.

Подготовка:

  1. Лебот исечете го на коцки околу 1 см и ставете го во сад.
  2. Со вилушка изматете го јајцето со млекото и малку сол, па додајте го во лебот и лесно измешајте.
  3. Покријте го садот и оставете да стои така најмалку 30 минути за да омекне. Повремено мешајте го, лесно без гмечење.
  4. Во тава, ставете го путерот и 1 лажица масло, па пропржете ги кромидот и сланината за малку да омекнат. Оставете ги малку да се изладат и додајте ги во лебот.
  5. Додајте ги и магдоносот, квасецот, црниот пипер, ренданото морско оревче и брашното.
  6. Измешајте и смесата оставете ја околу 30 минути, да се спојат вкусовите.
  7. Со влажни раце направете 8 топчина, извалкајте ги во брашно и ставете ги на чинија.
  8. Потоа, ставете ја водата со морковот и коцката за супа да зоврие.
  9. Додајте ги кнедлите и оставете ги да варат на тивок оган околу 15-20 минути (или кога ќе помине толку време), па извадете една кнедла и со помош на лажица пресечете ја, средината треба да биде мека.
  10. Супата послужете ја топла со малку сечкан магдонос или рендан пармезан.

На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Сподели: