Крцкави зачинети прстени од похуван кромид 1

Крцкави зачинети прстени од похуван кромид

Не сте сигурни дека можете и дома да ги направите неодоливо вкусни и крцкави како во рестораните и мезе баровите? Ние сме тука да ви помогнеме! Време е за најдобрите крцкави и зачинети прстени од похуван кромид! Да замезиме со мерак и да наздравиме за убави нешта!

Овој рецепт го правиме често и си уживаме со друштвото, а посебно го обожаваме новиот шмек кој го доловивме благодарение на зачините од светот на вкусовите на Витаминка! Подготовката е лесна. Секое залче кое ќе го замезите ќе ви отвори ново ниво на дегустативно уживање за сите сетила. Крцкавоста на површината, мекоста на средишниот дел и чаша добар пијалак, гарантирано ќе ве опуштат и ќе овозможат моменти вредни за паметење.

Крцкави зачинети прстени од похуван кромид 2

Состојки:

  • 3 поголеми главици кромид
  • 200 мл млеко
  • 1 јајце
  • 4 до 5 лажици брашно
  • 50 грама лебни трошки
  • 50 грама палента
  • ½ лажичка мелен црн пипер од Витаминка
  • ½ лажичка лук во прав
  • 1 лажичка мешан зачин Дафинка
  • сол по вкус.

За прилог:

Подготовка:

  1. Кромидот прво исчистете го, па измијте го и исушете го.
  2. Секоја главица кромид пресечете ја на кругови со дебелина од околу 6 до 7 милиметри и од секој круг извадете по 2-3 прстени.
  3. Млекото ставете го во подлабок сад во кој потоа ќе ги додадете претходно припремените прстени од кромид. Најдобро е да бидат потопени и да стојат околу 15 минути.
  4. Во сад ставете го брашното.
  5. Во друг подлабок сад ставете ги останатите суви состојки, лебните трошки, палентата, мелениот црн пипер и мешаниот зачин од Витаминка и лукот во прав, па добро измешајте ги.
  6. Со помош на виљушка, изматете го јајцето со малку сол во одделна чинија.
  7. Потоа, секој прстен од кромид извалкајте го во садот со брашното, па потопете го во изматеното јајце и на крај извалкајте ги во смесата од лебни трошки, палента и зачини.
  8. Во тава на оган, на средна температура ставете масло да се загрее. Така припремените прстени од кромид, пржете ги во тавата со загреано масло, од секоја страна по 2-3 минути. Потоа, извадете ги врз кујнска хартија за да се впие вишокот на масло. За најдобар вкус послужете ги додека се топли и сервирајте ги со прилог од благ кечап или пикантно лук кечап од Витаминка. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Крцкави печени тиквички со сос од кечап и мајонез.

*Комерцијален рецепт.

Сподели: