Можеби ќе ви звучи по малку чудно да употребувате мед како средство за чистење на лицето, но тој е навистина делотворен и ефикасен за таа намена. Во продолжение дознајте како може да го исчистете лицето само со мед.
Како резултат на сончевите зраци, нечистотијата и неправилната исхрана, лицето претрпува многу непосакувани промени како што се акните, црвенилото, иритацијата, брчките и хиперпигментацијата. Затоа на кожата и е потребна секојдневна нега. Кога сме кај тоа, ви претставуваме 2 третмани со мед и лимон за природна нега на лицето. За чиста и хидрирана кожа!
На многу од нас денот не може да ни започне без филџан црно кафе. Тој магичен црн напиток ни помага побрзо да се разбудиме наутро и ни дава дополнителна доза на енергија во денот. Меѓутоа, кафето освен за пиење може да се користи и во служба на убавината. За тоа се заслужни антиоксидансите со кои овој напиток изобилува. А, уште и ако го искомбинирате со млеко ќе добиете прексрасна утринска маска за лице која ја освежува и подмладува кожата.
Чувар куќата (Sempervivum tectorum) е интересно растение, кое често се користи како лек во народната медицина. Многумина го чуваат во својот дом, а името го добило според народното верување дека ја чува и штити куќата и семејството од пожари, болести… Како лек најчесто се користи сокот од чувар куќа кој е ефикасен за лечење на акни и лузни, а ја затегнува и кожата.
Како што сме рекле и многу пати досега, не секогаш ви се потребни многу пари за да купите скапоцени препарати за нега на кожата. Ја сакаме природната нега, па еве еден испробан рецепт за домашен хидратантен крем. Кремот може да го користите за спречување на појава на брчки и „пеглање“ на постоечките, а и како средство за отстранување на шминка. Одличен е за нега и длабинска хидратација на кожата!
Постојат разни причини поради косата може да ви биде оштетена, сува и кршлива, но треба да имате предвид дека и дома можете да направите нешто. Токму за летните денови, ви припремивме еден одличен предлог за домашна нега. Така, доколку сметате дека ќе ви користи малку нега, пробајте ја нашата природна маска за сува и оштетена коса.
Со масло од лаванда до убавина која краде воздишки! Многумина ја нарекуваат лавандата „лек за сѐ“. Нејзините цветови поседуваат лековито дејство, а пред се антисептичко, противвоспалително и смирувачко. Лавандата е аналгетик, диуретик, антидепресив, антиреуматик, антитоксик, седатив, тоник, стимуланс. Етеричното масло од лаванда е едно од ретките кои на кожата може да се нанесуваат директно на кожата, а тоа е една од неговите предности.
Со природните масла можете да третирате голем број проблематични состојби на кожата, од акни, па до бори. Негата на лицето може да биде забавна активност дома, а убавината во природното, големо уживање. Знаете ли дека домашната нега со ладно цедено сусамово масло е корисна за неутрализација на слободните радикали, а и за нега на кожата? Еве како е тоа можно!
Веќе неколку години сите нијанси се „ин“ и се популарни. Девојките и сите жени воопшто ги обожаваат, но кога станува збор за црвенокосите, имаат поголем проблем од останатите со брзо паѓање на бојата, како и посфецифична е потребата за нега на косата. Еве неколку начини и природни маски за црвена коса кои ќе ви помогнат да ја зачувате убавината на косата и да постигнете бојата да трае што подолго!