Испробан рецепт за домашен хидратантен крем 1

Испробан рецепт за домашен хидратантен крем

Како што сме рекле и многу пати досега, не секогаш ви се потребни многу пари за да купите скапоцени препарати за нега на кожата. Ја сакаме природната нега, па еве еден испробан рецепт за домашен хидратантен крем. Кремот може да го користите за спречување на појава на брчки и „пеглање“ на постоечките, а и како средство за отстранување на шминка. Одличен е за нега и длабинска хидратација на кожата!

Според податоците кои ги најдовме, се верува дека овој крем прв пат го направил некој грчки лекар кој живеел пред повеќе од 2000 години. Се прави прилично едноставно, затоа што не се потребни  некои апарати или состојки.

Испробан рецепт за домашен хидратантен крем 2

Состојки:

  • 1 лажица природен мед
  • 8 лажици рендан пчелин восок
  • 200 мл бадемово масло
  • 1/2 шолја вода од ружа (се купува или се прави домашно по желба)
  • 2 мали чисти теглички.

Подготовка и начина на употреба:

  1. Во мал сад турете го бадемовото масло и на многу ниска температура стопете ги медот и ренданиот восок. Оставете смесата малку да се излади.
  2. Потоа, капка по капка, со мешање, додавајте од водата од ружа додека ја добиете посакуваната густина. Тоа ќе го одредите најдобро според структурата на смесата.
  3. Мешајте уште неколку минути, а потоа смесата складирајте ја во суви и чисти теглички. Затворете ја и чувајте на ладно место.
  4. Погодно е за секојдневна употреба, а се нанесува на чисто лице.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен крем за отстранување на лузни од лицето.

Сподели: